мини|300x300пкс| Потписници на Букурешкиот мир Букурешки мировен договор — договор потпишан меѓу Србија и Бугарија на 3 март 1886 година во Букурешт (главниот град на Романија) што го означил крајот на Српско-бугарската војна. Договорот содржел само еден член во кој се наведува дека мирот меѓу завојуваните страни е обновен. Мирот го отворил патот за политичкиот императив дека само бугарски принц може да биде управител на Источна Румелија.

Букурешкиот мир бил склучен по тримесечна војна, а непосредна причина за војната била припојувањето на Источна Румелија кон Бугарија, која штотуку била ослободена од турската власт. Кралот Милан го сметал овој чин како нарушување на рамнотежата воспоставена со Берлинскиот конгрес. Српската војска била слабо опремена и немотивирана за војна и доживеала пораз кај Сливница, по што Бугарите го зазеле Пирот. Војната не донела никакви територијални промени бидејќи Австроунгарија застанала на страната на Србија. Оваа војна дополнително ја ослабнала позицијата на кралот Милан Обреновиќ.

Поврзано Тофански акт

Наводи

Литература

Категорија:1886 Категорија:Мировни договори Категорија:Српско-бугарска војна Категорија:Историја на Букурешт