Словенечкиот хип-хоп се однесува на хип-хопот во Словенија.

Историја Според некои извештаи, корените на словенечкиот хип хоп може да се бараат уште во 1978 г. но сите рапери од тоа време биле заборавени или исчезнати. Она што останаlo од оваа рана историја е зачувано во албуми со мал тираж. Средината на 1980-тите биле означени како пробив на рап музиката во Словенија. Хип хоп танцот во Словенија понекогаш се нарекува танц „Чефур“. Али-Ен го издале првиот рап албум, кој веднаш станал класика, во 1994 год.

Во 1997 г. рап дуото Дандроу го издало Ко приде Бог (сло: Ko pride Bog). Следните неколку години имало мала дупка во хип хоп сцената, со само неколку албуми издадени до 2000 г. Хип хоп културата била силно популаризирана од словенечкиот олимписки шампион скијач Јуре Кошир, кој исто така го издал албумот Картелова теорија (сло: Kartelova teorija) со неговата екипа Пасји Картел во 1998 год. Клемен Клемен го издал еден од највлијателните мејнстрим словенечки хип хоп албуми Трнов Стајл (сло: Trnow Stajl) на Менарт рекордс. Отприлика во исто време, Радјојо: За народов Благор - 5'00" оф фејм (сло: Radyoyo: Za narodov Blagor - 5'00" of fame), била објавена првата компилација на словенечка хип хоп музика, вклучувајќи различни нови и непознати рапери на сцената.

Во 2001 г. била организирано 1то словенечко првенство во рап во слободен стил, лансирајќи го раперот 6pack Čukur, кој се пласирал на 2то место во мејнстримот. Натпреварот станал традиција и оттогаш се одржува секоја втора година. Следната година рап-дуото Мурат и Хозе го издале В беседи је моч (сло: V besedi je moč), кој станал еден од најуспешните рап албуми во Словенија и Јужна Европа. Шампионатот во слободен стил следната година донел 2 шампиони - Тркај, алтернативен рапер и Н'токо; обајцата објавиле албуми преку Ника Рекордс.

Најпродуктивните години за словенечкиот хип хоп биле 2004-2006 г. со повеќе албуми отколку сите години пред тоа заедно. Иако квалитетот осцилирал од албум до албум, најмногу поради неофицијалните изданија - истакнувајќи дека демо-сцената произведува подобри песни.

Надворешни врски RWC форум - Словенечкиот борбен рап форум Словенски хип хоп форум Официјална страница на Али Ен

SLO Хип Хоп уметници

Категорија:Музика во Словенија