Одлуката за улицата Тито — пресуда на Уставниот суд на Словенија од октомври 2011 година (U–I–109/10), во која судот утврдил дека именувањето на една улица во главниот град на Словенија, Љубљана, по името на Јосип Броз Тито во април 2009 година било неуставно. Судот едногласно донел одлука дека „името Тито не симболизира ослободувањето на територијата на денешна Словенија од фашистичката окупација за време на Втората светска војна, како што тврди странката во случајот, туку и сериозни повреди на човековите права и основни слободи, особено во деценијата по Втората светска војна.“ Ова било првпат највисок суд во државата правно да ја процени симболиката на името на Јосип Броз Тито.

Вовед Во април 2009 година, Советот на градот Љубљана донел одлука за новоизградената улица во Љубљана да се именувала „Улица Тито“ (словенечки: Titova cesta) по поранешниот лидер на СФР Југославија, Јосип Броз Тито. Предлогот бил поднесен од страна на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ и градскиот советник Петер Божиќ. Именувањето било многу контроверзно и привлекло големо внимание од јавноста. Противниците на именувањето собрале многу потписи против улицата да се нарекла по Тито. Тие исто така пробале да го спречат тоа преку локален референдум, но властите на Љубљана успешно го спречиле референдумот. Група на граѓани, некои од нив бивши жртви и политички затвореници на комунистичкиот режим, поднеле приговор до Уставниот суд на Словенија, барајќи судот да го прогласи именувањето на улицата за неуставно.

Пресуда Случајот бил U-I-109/10, а одлуката била донесена на 3 октомври 2011 година. Според судот, усвојувањето на документите за независност не значело само прекин на врските помеѓу Република Словенија и Социјалистичката Федеративна Република Југославија, туку и раскинување со основниот концепт на уставниот систем на вредности на Југославија. За разлика од поранешна Југославија, Република Словенија била заснована на владеењето на правото, а нејзиниот уставен систем бил изграден врз почитување на човековите права и основните слободи. Човечкото достоинство било во сржта на уставниот поредок на Република Словенија.

Судот нагласил дека името Тито го симболизирало повоениот комунистички режим, кој се карактеризирал со обемни и сериозни прекршувања на човековите права и основните слободи, особено во деценијата непосредно по Втората светска војна. Во Словенија, каде што развојот на демократијата и слободното општество се засновало на почитување на човечкото достоинство и прекин со претходниот режим, прославувањето на авторитарниот комунистички режим преку именување улица по неговиот лидер било неуставно. Именувањето на улица по Јосип Броз Тито во Љубљана не било задржано од претходниот режим, во кој случај тоа денес би било само дел од историјата.

Оспорената локална уредба била донесена во 2009 година, осумнаесет години по независноста на Словенија и воспоставувањето на уставен поредок заснован на уставни вредности, кои биле спротивни на вредностите на режимот пред независноста. Ваквите нови именувања немале место во сегашното време, бидејќи биле спротивни на принципот на почитување на човечкото достоинство, кое имало основа во Првиот член од Уставот и било во самиот центар на уставниот систем на Република Словенија.

Согласни мислења Одлуката била донесена едногласно со неколку согласни мислења. Судиите Коприќ-Хорват и Клампфер во своето согласно мислење навеле дека образложението на мнозинската одлука било неурамнотежено, бидејќи претерано ги критикувало Тито и комунизмот. Судијата Совдат нагласил дека според одлуката, само новите именувања на улици по комунистички симболи биле неуставни. Именувањата на улици кои постоеле пред независноста биле уставни, исто како што бил уставен и споменикот на Наполеон во Љубљана.

Судијата Јадек-Пенса во своето согласно мислење истакнал дека именувањето на улица немало само информативно значење, туку искажувало и почит од страна на државата кон таа личност. Судиите Зобец и Можетиќ во своето согласно мислење аргументирале дека секој граѓанин требало да има право да покрене постапка пред судот во вакви случаи. Од друга страна, согласните мислења на судиските Петриќ и Совдат навеле дека не сите подносители на барањето во овој случај имале право да поднесат жалба.

Цитирање на случајот Одлука U-I-109/10 („Одлука за улицата Тито“) на Уставниот суд на Словенија, била донесена на 3 октомври 2011 година.

Последици Во одвоен случај, во мај 2021 година, Уставниот суд на Словенија го поништил преименувањето на улицата на Тито во Улица на Словенечката независност во општина Раденци поради процедурни причини. Општината ја преименувала улицата без да им овозможи на жителите да иницирале локален референдум за името на улицата. Општината ја преименувала улицата повторно, и тоа повторно без да дозволи референдум. Во септември 2021 година, Уставниот суд привремено го запрал преименувањето додека не ја донел финалната одлука дали биле следени процедурните правила. Судијата Јаклич напишал критичко несогласување.

Надворешни врски

Текст на пресудата U–I–109/10 објавен на 3 октомври 2011 година (на словенечки) Текст на пресудата U–I–109/10 објавен на 3 октомври 2011 година

Наводи

Категорија:Историја на Љубљана Категорија:Политичка историја на Словенија Категорија:2011 во Словенија