Вот Танде е ненаселено островче, дел од групат ана Бенксови Острови во северниот дел на Вануату . Се наоѓа на околу 50 километри северно од островот Мота Лава . Островот Вот Танде никогаш не бил населен. Тој е дом на илјадници морски птици - особено фрегати, по кои е именувано островчето. Се состои од два острова. Највисоката точка на кој било од островите е 64 метри надморска височина.

Географија Островот е долг 800 метри и широк 300 метри. Неговата површина е 0,24 km2. На северниот крај има брановидна платформа која е изложена при слаба плима и се протега 100 m кон морето. Географската ширина е 13,25º S, а должината е 167,65º E. Островот често има циклони и земјотреси.

Поврзано Вануату Бенксови Острови

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Бенксови Острови Категорија:Торба (покраина)