Брестечки манастир — манастир во близина на штипското село Брест.

Местоположба

Манастирот се наоѓа на половина пат кон селото Брест од исклучувањето од регионалниот пат 1204, сместена од неговата десна страна.

Историја

За манастирот нема зачувани писмени споменици, но постоел уште пред доаѓањето на Турците на Балканот. Пред крајот на XIV век бил запален и срушен од турскиот башибозук.Извадок од брошурата Манастирот „Свети Пантелејмон“ и црквата „Свети Атанасиј“ во селот Брест од 1998 година (споменато овде)

Во периодот помеѓу 1905 и 1915 година, манастирот има своја преродба, кога повторно бил подигнат и обновен на старите темели од семејството Жабојанови од селото Танатарци. Сепак, со текот на времето повторно пропаднал.

По трет пат бил обновен и изграден на истите темели, откако на 5 септември 1993 година бил поставен камен-темелникот. На 15 мај 1994 година била организирана голема свеченост за осветување на манастирот од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Градби во манастирот

Манастирот е составен од една црква, конак, трпезарија и помошни објекти.

Чешмата во кругот на манастирот е изградена во 1928 година, а постарите луѓе тврдат дека студената вода од оваа чешма е лековита и света вода за очи.

Црква „Св. Пантелејмон“

За црквата постојат различни податоци кога била подигната.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Брест (Штипско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Брегалничката епархија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Штипското архијерејско намесништво