мини| Влезот во Поточката Пештера, пештера во источните Караванки, каде што остатоците од човечка резиденција датирана од Орињачката култура (40.000 до 30.000 БП ) ги пронашол Сречко Бродар во 1920-тите и 1930-тите. Ова го означува почетокот на палеолитските истражувања во Словенија. Сречко Бродар (6 мај 1893 – 27 април 1987) бил словенечки археолог, меѓународно најпознат по ископувањата во Поточка Пештера, палеолитски пештерски локалитет во северна Словенија.

Животот Бродар бил роден во Љубљана како вонбрачен син на Франциска Бродар и бил крстен како Феликс Бродар, а Сречко е словенечка верзија на името Феликс.

Студирал на Универзитетот во Виена и Универзитетот во Загреб, каде што дипломирал во 1920 година. Од 1921 година предавал во Гимназијата во Цеље, а по Првата светска војна, за време на која здобил тешка повреда на лактот, во 1939 година докторирал на Универзитетот во Љубљана, каде што во 1946 година станал професор и раководител на Археолошкиот оддел до неговото пензионирање.

Бродар бил директор на Институтот за археологија при Словенечката академија на науките и уметностите и член на Меѓународната унија за праисториски и протоисториски науки. Неговиот син, Митја Бродар (1921–2012), исто така бил истакнат археолог.

Дела Во 1928 година, Бродар станал познат по ископувањата во Поточка Пештера и уште пет други палеолитски локалитети во Словенија, при што ја докажал поврзаноста меѓу палеолитските култури на источните Алпи, Панонската низина и северна Италија.

По Втората светска војна, истражувањата на Бродар биле насочени кон Беталова пештера, праисториски локалитет со повеќе хронолошки слоеви во близина на Постојна, југозападна Словенија.

Тој исто така ги открил првите мезолитски локалитети во Словенија, како што е пештерата Шпеховка.

Награди

1949 Прешернова награда за ископувања во Беталова пештера. 1960 Прешеренска награда за ископувања на Чрни Кал 1974 Награда Кидрич

Наводи

Литература

Ликар, Петар (1996). Одкрил сем Поточко Зијалко (транскрипт од документарен филм од 1970-тите за Сречко Бродар)

Надворешни врски

Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Добитници на Прешерновата награда Категорија:Починати во 1987 година Категорија:Родени во 1893 година