мини|Поглед кон планината Шпик е планина во словенечките Јулијански Алпи. Нејзиниот врв е на 2472 метри надморска височина. Името на планината произлегува од нејзината зашилена форма.

Нормални патеки за искачување Има две нормални правци и двете почнуваат од Крничката Долина, а се спојуваат под врвот. Еден од нив оди преку врвот на Липница, а другиот е рутата Качји Грабен. Првиот има неколку лесни делови со фиксни кабли, а вториот е само една стрмна прошетка нагоре. И двете се без снег во летните месеци. Од долината до врвот се потребни околу 5 часа планинарење.

Колиби Околу блискиот превој Вршиќ има многу колиби, но најблиску до почетокот на рутите е колибата Крница која се наоѓа на 1113 метри надморска височина. Значи, од колибата до врвот има 1304 метри висинска разлика за искачување.

Историја Во мај 1952 година, на северната страна на Шпик се случила планинарска несреќа, што резултирала со смрт на пет планинари од Словенска Бистрица на возраст меѓу 21 и 25 години.

Наводи

Категорија:Планини во Словенија