Словенечката куќа на славните спортисти (Hram slavnih slovenskih športnikov) била основана во 2011 година од страна на Здружението на словенечките спортски новинари (Društvo športnih novinarjev Slovenije)dolenjskilist.si и ги вклучува најдобрите словенечки спортисти на сите времиња од различни спортски дисциплини. Оваа куќа започнал со работа во 2012 година. На настанот Спортист на годината на Словенија во декември 2011 година биле примени првите двајца словенечки спортисти, Леон Штукел и Мирослав Церар.
Подолго од една и пол година, Здружението на словенечките спортски новинари го подготвувало основањето на Словенечката куќа на славните спортисти. Тие го направиле ова со една цел - да ги задржат словенечките спортисти со големи меѓународни резултати во нашите сеќавања. Сакале да ги сочуваат сите спортски реквизити поврзани со овие големи спортисти и да ги зачуваат историските спортски настани преку статиите на веќе пензионираните спортски новинари и сите други.ljnovice.com
Со оваа куќа на славните словенечки спортисти, Здружението сака да ги покани посетителите, студентите и сите љубители на спортот да ја одржат жива историјата на словенечкиот спорт, да создадат најдобри услови за функционирање на Словенечки спортски музеј.
На 19 декември 2012 година биле воведени двадесет нови членови, а куќа на славните била отворена во Арена Стожице. На 28 ноември 2013 година била воведена новата класа со 28 нови спортисти. Три спортисти биле воведени во август 2015 година, двајца во август 2016 година и декември 2017 година, а три во јануари 2019 година.
Поврзано Словенечки спортист на годината Наводи
Категорија:Спортски организации во Словенија