мини|223x223пкс|99942 Апофис е подвижната бела точка во средината 99942 Апофис, познат и по неговата привремена ознака 2004 MN4 — астероид, чија орбита минува блиску до Земјата. Неговото откритие во 2004 г. предизвикало кратка загриженост, бидејќи првичните набљудувања претполагале дека астероидот има релативно голема веројатност да удри во Земјата во 2029 г. Дополнителните набљудувања ги подобруваат предвидувањата, исклучувајќи судир со Земјата или Месечината на 13 април 2029 г. (петок). Меѓутоа, постои можност за судир за време на блиското додавање во 2036 г. Шансите за тоа се проценуваат на 1 спрема 233.000. Во случај на судир, релативно малата големина на Апофис (помеѓу 250 и 350 метри) би довела до месна, наместо глобална катастрофа.
Астероидот бил откриен од Рој Такер, Дејвид Толен и Фабрицио Бернарди на 19 јуни 2004 г. и го добил името по египетското божество Апофис (Апоп).
Одлики Нови податоци за астероидот Апофис се добиени со помош на вселенската опсерваторија „Хершел“. Претходните проценки покажуваат дека пречникот на Апофис е 270 ± 60 метри. Според ажурираните податоци, тоа е 325 ± 15 метри. 20-процентно зголемување на пречникот дава повеќе од 70 проценти зголемување на обемот и (под претпоставка на хомогеноста) масата на небесното тело. Апофис одразува само 23 % од светлината што паѓа на неговата површина.
Наводи
Надворешни врски
Apophis Asteroid Asteroid Apophis orbit from recent observations, EPSC Abstracts Vol. 6, EPSC-DPS2011-1212, 2011, EPSC-DPS Joint Meeting 2011 Diagrams and orbits of Apophis (Sormano Astronomical Observatory) Interactive 3D gravity simulation of Apophis's 2029 Earth flyby
Категорија:Атонски астероиди Категорија:Потенцијално опасни астероиди Категорија:Земјопресекувачи Категорија:Астрономски тела откриени во 2004 година