Клуб Америка или само Америка — професионален фудбалски клуб од Град Мексико, Мексико. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, најсилното ниво во мексиканскиот фудбал.
Клубот е основан во 1916 година, а од 1959 година е во сопственост на компанијата за масовни медиуми Televisa. Америка е еден од основачки членови на мексиканската Примера Дивисион и досега има освоено повеќе титули од било кој друг мексикански клуб. На домашната сцена, клубот има освоено рекордни шеснаесет титули во лигата, рекордни шест Купа на Мексико и е изедначен рекордер со седум титули во Првак на прваците натпреварувањето. Во меѓународните натпреварувања, Америка има освоено десет признати од ФИФА клупски трофеи, најмногу од еден клуб од КОНКАКАФ, со рекордни седум титули во КОНКАКАФ Куп на шампиони/Лига на шампиони, еден КОНКАКАФ Куп на великаните, и две титули во Копа Интерамерикана.
Америка има долгогодишно ривалство со Гвадалахара, бидејќи тоа се најуспешните и најподдржуваните екипи во Мексико и се меѓу седумте клубови кои никогаш не испаднале врвната дивизија. Натпреварите меѓу нив, познати како Ел Супер Класико, се сметани за најголемо ривалство во Мексико и едно од најголемите во светот. Америка има дерби и против Крус Асул и УНАМ Пумас. Заедно, клубовите ја сочинуваат „Големата четворка“ на мексиканскиот фудбал.
Своите домашни натпревари Америка го игра на Ацтека, најголемиот стадион во Латинска Америка и еден од најголемите во светот со капацитет од 87.523 седечки места.
Стадион
Америка ги игра своите домашни натпревари на стадионот Ацтека во Град Мексико, објект дизајниран од мексиканскиот архитект Педро Рамирес Васкес и инаугуриран на 29 мај 1966 година со натпревар помеѓу Америка и италијанскиот клуб кој завршил 2-2. Првиот гол на новиот стадион го постигнал Бразилецот Арлиндо Дос Сантос, а вториот Жозе Алвеш. Густаво Дијас Ордас, претседателот на Мексико, го извел почетниот удар, а Сер Стенли Роус, тогашниот претседател на ФИФА, бил сведок на настанот.
Клубот го дели стадионот како домашен терен со мексиканската репрезентација уште од неговата инаугурација. Други клубови, кој исто така, го користеле стадионот како свој дом во различни периоди биле: Некакса (1966–1970 и 1982–2003), Атланте (1967–1969), УНАМ Пумас (1970–1982) и Крус Асул (1971–1996 и 2018–2023).
Покрај тоа што имал улога на домашен терен на натпреварите на Америка, стадионот бил домаќин и на Летните олимписки игри 1968, Светското првенство 1970, Панамериканските игри 1975, Светско младинско првенство 1983, Светското првенство 1986, Купот на конфедерации 1999, финалето на Светското првенство У17 2011, Копа Интерамерикана, Копа Либертадорес, музички концерти, политички настани и посетата на папата Јован Павле II во 1999 година.
Играчи Моментален состав
Познати играчи Историски играчи Како дел од прославата на стогодишнината на Клуб Америка во 2016 година, било спроведено јавно гласање преку веб-страницата на клубот на кое следните играчи биле избрани за „Историски играчи“. Играчите чии имиња се испишани во италик играле за клубот во моментот на гласањето.
Голмани
Гиљермо Очоа Моисес Муњос Адолфо Риос Ектор Селада
Одбрана
Алфредо Тена Марио Трехо Армандо Мансо Хуан Ернандес Хосе Антонио Кастро Сесилио де лос Сантос Винисио Браво Дуилио Давино Мигел Лајун
Среден ред
Даниел Браиловски Карлос Реиносо Антонио Карлос Сантос Павел Пардо Херман Виља Едуардо Бакас Гонсало Фарфан Алфредо Санчес Кристобал Ортега Калуша Бвалија Освалдо Мартинес Рубенс Самбуеса
Напаѓачи
Куаутемок Бланко Салвадор Кабањас Кристијан Бенитес Луис Роберто Алвес Раул Хименес Клаудио Лопес Енрике Борха Франсоа Омам-Бијик Иван Саморано Заге Освалдо Кастро Роберто Родригес Едуардо Гонсалес Палмер
Титули Национални натпреварувања Примера Дивисион : 16 (рекорд) 1966, 1971, 1976, 1984, 1985, Проде 1985, 1988, 1989, Верано 2002, Клаусура 2005, Клаусура 2013, Апертура 2014, Апертура 2018, Апертура 2023, Клаусура 2024, Апертура 2024 Куп на Мексико : 6 (рекорд) 1954, 1955, 1964, 1965, 1974, Клаусура 2019 Првак на прваците : 7 (рекорд, изедначен со Гвадалахара) 1955, 1976, 1988, 1989, 2005, 2019, 2024 Суперкуп на мексиканската лига : 1 2024 Интерлига : 1 2008
Меѓународни натпреварувања КОНКАКАФ Лига на шампиони : 7 (рекорд) 1977, 1987, 1990, 1992, 2006, 2014-2015, 2015-2016 КОНКАКАФ Куп на великани : 1 2001 Копа Интерамерикана : 2 (мексикански рекорд) 1977, 1990 Campeones Cup : 1 2024
Наводи
Надворешни врски Матична страна Официјален сајт на Reddit Клуб Америка на RSSSF
Клуб Америка Категорија:Клуб Америка