Чувај ја Хана е роман на Миха Мацини. Првично е објавен во Словенија во 2000 година под насловот „Telesni čuvaj“ (Телесен чувар). Втор пат бил издаден во 2004 година.

Дејство Главниот лик се родил како чудовиште. Со интелигенција над просечната, тој брзо сфаќа дека тело што е насочено кон уништување не може да живее меѓу другите. Единствената личност која може да му помогне е мафијашки дон, кој има доволно пари да го изолира чудовиштето. Но ништо не доаѓа бесплатно. И сега, моментот кога чудовиштето мора да го врати услугата, пристигна. Треба да излезе од изолација и да стане телохранител на жена по име Хана за една недела.

Преводи Првото американско издание било објавено во 2002 година од страна на печатот Скала Хаус под наслов Чувај ја Хана. Второто американско издание било објавено во 2008 година од Норт Атлантик Букс/Рендом Хаус. Српско издание имало во 2008 г. Полско издание во 2008 година. Италијанско издание во 2011 година. Турско издание во 2015 г.

Награди и номинации Романот е номиниран за меѓународна книжевна награда во Даблин 2004 година.

Наводи

Категорија:Словенечки романи