Дејан Жидан (роден на 16 октомври 1967 година во Марибор, Словенија) ― словенечки политичар, поранешен лидер на Социјалдемократите и поранешен претседател на Државниот збор на Словенија. По професија е ветеринар. Служел како министер за земјоделство, шумарство и храна од 2010 до 2012 година во владата на Борут Пахор. Во 2011 година бил избран за член на Државниот збор. Во 2013 година станал министер за земјоделство и животна средина во владата на Аленка Братушек. Во март 2014 година, Жидан бил прогласен за најпопуларен словенечки политичар според јавното мислење. По изборите за Европскиот парламент, го заменил Игор Лукшич како вршител на должноста претседател на Социјалдемократите.

Во август 2018 година, Жидан започнал официјална посета на Република Македонија како претседател на Државниот збор на Република Словенија.

Во 2020 година, Жидан ја предал лидерската позиција на Социјалдемократите на Тања Фајон.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Словенечки политичари