Севастија Буклеска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Од јули 1942 година носела храна и писма на политичките затвореници во Кичевскиот затвор, чувала илегалци и партизани, пренесувала илегална пошта доставувајќи ја на определените лица и јавки. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци. Честопати, за да не бидат осомничени и да ја сочуваат куќата од компромитирање пред окупаторот, илегалците ги преоблекувала во женска албанска носија и ги покривала со фереџиња. Но, ѝ покрај крајната претпазливост, таа била под постојана присмотра, па во нејзиниот дом често биле вршени претреси, а Севастија и членовите на семејството малтретирани. На 23 април 1941 година Севастија со целото нејзино семејство билa затворена во Кичевскиот затвор. Есента 1944 година била избрана за претседател на Околискиот одбор на АФЖ за Кичевско.

Поврзано Зојица Буклеска - Рошкова Елиница Буклеска

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ