Џејмс Линд (4 октомври 1716 – 13 јули 1794) бил шкотски лекар. Тој бил пионер на поморската хигиена во Кралската воена морнарица. Го спровел едно од првите клинички испитувања, со што ја развил теоријата дека цитрусното овошје лекува скорбут.
Линд се залагал за здравствените придобивки од подобрената вентилација на бродовите, подобрената хигиена на морнарите, облеката и постелнината, и фумигација под палубата со сулфур и арсен. Тој исто така предложил дека питката вода може да се добива со дестилација на морската вода. Неговата работа ја унапреди практиката на превентивната медицина и подобрената нутриција.
Наводи
Категорија:Витамин Ц Категорија:Членови на Кралското друштво на Единбург