десно|256x256пкс Агостон Павел, познат и на словенечки како Август Павел (28 август 1886, Цанкова, Кралство Унгарија, денес во Словенија – 2 јануари 1946 година, Сомбатхељ, Унгарија) бил унгарски словенечки писател, поет, етнолог, лингвист и историчар.
Образование Агостон Павел бил роден во Цанкова (тогаш дел од Ваш (округ)) како трето дете на Иван Павел, кројач, и Ержебет Обал. Учел во основното училиште кое се наоѓало во неговото родно село. Иако словенечкиот бил неговиот мајчин јазик, Агостон Павел одлично дипломирал во неговото средно училиште во Сентготтард во кое се зборувало унгарски, и бил најдобариот ученик помеѓу 28-те од 1897 до 1901 година. Во тие рани денови, почнал да се развива пријателски однос помеѓу Павел и неговиот одделенски наставник Ѓјозо Шмит. Шмит, кој бил библиотекар во гимназијата и уредник на локалниот весник, и го научил и унгарски и латински.
Павел продолжил со неговите студии на колеџот Премонт во Сомбатхељ(1901–05). Додека одел во колеџ, тој учествувал во Друштвото за доброволно дополнително образование. Некои од неговите први епиграми, балади и историски елегии се појавиле во Бимбофизер, училишниот весник.
Од 1905 до 1909 година, Павел го студирал унгарскиот и латинскиот јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот Петер Пазмани во Будимпешта. Покрај неговата специјалистичка област, одел на часови по српскохрватски и руски и споредбено истражување на словенските јазици како научен соработник. Павел добил стипендија, бил ослободен од школарина и предавал како доцент. Еден од неговите студенти бил Алберт Сент-Ѓерѓи, кој подоцна станал добитник на Нобеловата награда за физиологија.
На 15 мај 1909 година, тој го објавил неговиот критички есеј за две дисквизиции од Оскар Асбот за словенско-унгарските говорни форми — една која ги испитувала словенските матични зборови и мутациите на звуците „j“ и „gy“ кај унгарските Словенци, додека другата била во врска со академскиот говор на западното истражување на Хунгаривел.
Првите стихови на Агостон Павел биле објавени (на унгарски) во весникот „Мурска Собота и нејзината област и (во Прекмурски дијалкет) во „Новине“, „Мартијин Лист“ и „Колендар“. На 13 ноември 1909 година, Павел прочитал некои преводи на словенечки стихови и дел од неговата сопствена поезија на унгарскиот фолклорен симпозиум.
Исто така во 1909 година Унгарската академија на науките го објавила есејот на Павел за фонологијата на словенечкиот во областа на Цанкова; есејот бил дел од неговата дисертација. Ова дело освоило награда на универзитетот и било високо признаено. ПрофесоротАсботх коментирал: „Малку сум лут, сепак, не на Плетерсник [словенечки лингвист и книжевен историчар], туку на таквите унгарски лингвисти кои го користат својот речник со едноставност. Јас експлицитно им ги препорачувам богатите есеи на Павел, бидејќи можат многу да научат од нив“.
Воена служба и учителска кариера Во 1909-1010 година Агостон Павел служел во 7-от Грац а потоа во 82-та Шекељудвархели (Трансилванија) пешадија. Поради административна грешка, пешадискиот број 83 погрешно бил напишан како број 82 и бил испратен во воена служба во Трансилванија. „Народните вести“ од 1986 година напишале во комеморацијата на Павел дека своето мало слободно време во армијата го поминувал во собирање популарни стихови, песни, обичаи и облека.
Од 1910 до 1911 година Павел служел практикум настава во академското главно средно училиште во втората област во Будимпешта. Од 1911 до 1913 година бил заменик наставник во националното главно средно училиште во Торда. На 14 април 1914 година, се оженил со Ирене Бенко во Сентготтард.
На 10 јуни 1914 година, станал целосно овластен учител, но веднаш бил повикан на воена служба. На 6 септември бил тешко повреден во Битката кај Лемберг (Лавов), што резултирала со петгодишно боледување. Во 1986 година, „Народни вести“ забележале: „Павел Агостон многу ја презира војната. Каква поголема радост можеше да го снајде од тоа да биде повреден уште во првата битка, бидејќи можеше да се извлече од оваа бесмислена војна. За време на годините на болест тој продолжи да пишува и преведува“.
Во 1916 година Павел ја освоил наградата на Унгарската академија на науките за неговото дело „Современ стандарден словенечки јазик“. „Со своето дело авторот ги покажува амбициите што можат да се забележат на полето на стандардниот јазик, со голема поетско-јазична стручност и со основни познавања на националниот словенечки јазик, кој приближно се доближува на словенечкиот што може да се најде во Австрија и се разликува од него по неговата популарност“ (Академски информативен лист, мај 1917 година).
Во мај 1919 година, бил избран да стане член на Одделот за јавно образование на Домбовар и исто така бил назначен за уредувачкиот комитет на локалниот неделен весник. Од мај 1920 година до август 1933 година ја држел работата на наставник во националното женско училиште кое се наоѓало во Сомбатхељ. На 16 ноември 1920 година бил назначен на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана.
Книжевна и академска работа Во 1924 година, тој бил одговорен за библиотеката на културната организација на Ваш (округ) и на градот Сомбатхељ. Во 1925 година составил и објавил сервисен именик на културни организации за библиотеката сместена во Ваш (округ) и градот Сомбатхељ. До 1 јануари 1926 година, го завршил индексирањето и реструктуирањето на музејската библиотека. „1926 година означува пресврт во историјата на библиотеката на културната организација, затоа што поради соработката на Павел Агостон низ вените на библиотеката протега нова виталност и на тој начин беа укинати некогашните строги правила и ограничувања."
Во февруари 1928 година започнало пријателството со Ференц Мора и Вилко Новак. Во септември 1928 година тој го презел раководството на музејот на Ваш (округ) и на фолклорното списание, и во ноември 1928 истата година Павел го основал Здружението на пријателство на Музејот на Ваш. За учебната 1928-29 година, Павел го отворил својот дом за 15-годишниот Шандор Вереш, кој подоцна станал познат унгарски поет.
На 27 април 1932 година, Павел се зачленил во пратеничката група на Друштвото за фолклор, а на 12 јуни 1939 година, станал член на одделот за кореспонденција. Во декември 1932 година бил објавена неговата прва збирка на стихови наречена „Молејќи се во пазувите на слепата долина“.
Од март 1933 година додека не починал во 1946 година бил уредник на научното списание „Ваш преглед“. Павел ја формулирал и прогласил целта на списанието како „посветување и вреднување на културните проблеми во историјата на Ваш (округ) и западна Унгарија“.
На 1 август 1933 година бил префрлен во средното училиште Фалуди. Потоа, во 1934 година станал почесен секретарски член на Унгарската национална асоцијација за култура. Истата година тој стана член на издавачката компанија "Ердеи Сепмивеш Цех". Од 26 март 1936 година, тој бил дел од друштвото "Томоркењ" во Сегед.
Во пролетта 1936 година тој и д-р Шандор Гонје заедно заминале на патување низ Националниот парк Орсег, што резултирало со пишување на неговото дело познато како „Слики од Орсег“. Во 1936 година бил објавен неговиот втор компендиум на стихови, насловен „Шума во пламен“.
Во 1937 година во биле објавени преводите на Павел на најзначајните книжевни дела на Иван Цанкар — „Извршителот Јернеј и неговото право“, „Скитник Марко“ и романот „Кралот Метјаж“ — подоцна биле објавени во „Нју“.
Во 1940 година, како резултат на спојувањето на округот Ваш и округот Зала, прегледот Ваш го проширил својот мандат за да станел преглед за западна Унгарија. На 15 јуни 1940 година, тој станал дел на Друштвото Гардони. На 26 август 1940 година, повторно го посетил Орсег, каде заедно со Иштван Ѓерфи и Кароли Виски акумулирал материјал за монографија. На 13 декември 1940 година, бил одбран да стане член на Пен Клуб.
Во 1941 година се појавил преводот на литературните дела на Иван Цанкар како дел од серијалот за јужнословенски автори. Ревијата на унгарската култура на 15 март 1941 година напишала: „Преводот на Агостон Павел е уметнички и совршен“. Во февруари 1941 година на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Сегед, Павел бил приватен учител по предметите јужнословенски јазик и литература, а на 27 септември истата година се приклучил на Друштвото Јанус Панониј.
Во 1944 година ја развил наставната програма за изучување на унгарскиот јазик и составил унгарска книжевна историја за употребата во училишта кои се наоѓале во Прекурје во Унгарија каде што се зборувало на словенечки јазик. Во мај 1945 година бил одбран да стане претседател на локалната педагошка „Организација на слободна провинција“ и започнал со неговата работа како официјален преведувач за руски јазик во Ваш (округ). Во јуни 1945 година, на негова иницијатива, го развил и предавал првиот курс по руски јазик кој бил одржан во Сомбатхељ. На 18 ноември 1945 година, тој бил член на книжевното друштво Јанош Бочањи од Печ.
Агостон Павел починал на 2 јануари 1946 година во Сомбатхељ.
Поврзано Унгарски Словенци Прекмурје
Литература
Франчек Мукиќ - Марија Козар: Словенско Порабје, Мохорјева дружба, Цеље 1982 г. Марија Козар: Етнолошки словар Словенчев на Маџарскем, Моноштер-Сомбатхељ, 1996 година. ISBN 963-7206-62-0 Франчек Мукиќ - Марија Козар: Спознавање Словенија, Хрватска, Будимпешта 2002 година. ISBN 963-9314-32-3 Марија Козар: Унгарските Словенци, Press Publica, Светот што се менува,
Категорија:Починати во 1946 година Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Словенечки писатели