Антон Фунтек (30 октомври 1862 – 21 октомври 1932) бил словенечки писател, поет, уредник и преведувач.
Фунтек е роден во Љубљана, која тогаш била дел од Австроугарското Царство, а сега е главниот град на Словенија. Тој се обучувал за учител и работел во Литија и Шентвид при Стична пред да замине на Технички факултет во Виена. Потоа работел како средношколски наставник во Љубљана до неговото пензионирање во 1925 година. Бил уредник на списанието Љубљански звон помеѓу 1891 и 1894 година и уредник на весникот Лајбахер Цајтунг неколку години. Некое време бил и претседател на Словенечката писателска асоцијација. Познат е по неговите преводи на словенечки на Шекспировиот Цар Лир, Шилеровата Песна на каменот, првиот дел од Гетеовиот Фауст и Затонатиот камен од Герхарт Хауптман.
Категорија:Југословенски писатели Категорија:Починати во 1932 година Категорија:Родени во 1862 година Категорија:Словенечки поети