Салонит Анхово е водечка словенечка фабрика за цемент, лоцирана во селото Анхово, северно од Нова Горица. Компанијата до 1996 година произведувала и азбест, но сега е фокусирана на цементната индустрија, каде што е најголемиот производител во Словенија.

Историја Фабриката Салонит Анхово има корени од почетокот на 20 век, кога градежниот работник Иван Нибрант започнал да подготвува варовник и открил сива прашина со одлични врзувачки својства. Во 1919 година, Емилио Сток, еврејско-италијански претприемач од Сплит, сфатил дека материјалот е одличен за производство на цемент. Тој започнал со изградба на фабрика со 16 вертикални печки Диче, со капацитет од 160 тони клинкер на ден. Фабриката го произвела својот прв цемент на 2 мај 1921 година.

Првата голема модернизација на Салонит Анхово се случила во 1961 година, кога старите печки биле заменети со нова ротациска печкасо капацитет од 350 тони клинкер дневно. Цементот од Анхово станал познат како најквалитетен во Југославија. Во 1977 година, нова фабрика со капацитет од 2.000 тони клинкер дневно била изградена, но тек во 1986 година компанијата започнала да произведува повеќе од 1 милион тони цемент годишно.

Компанијата вовела нови технологиисо цел да го намали еколошкиот отпечаток. Во 1996 година производството на азбест било затворено и компанијата започнала со процес на чистење.

Компанијата се реорганизирала и инвестирала во нов разменувач на топлина, кој е една од највисоките згради во Словенија. Клинкерската линија се зголемила на капацитет од 3500 тони, што значи над 4000 тони цемент дневно.

Денес компанијата е во австриска сопственост.

Загадување и влијание врз животната средина и здравјето Од 2020 година Салонит бил главниот загадувач на централниот регион Сава. До законската забрана на азбестот во 1996 година, компанијата произведувала материјали меѓу кои и азбест, и била најголемиот потрошувач на азбест во поширокиот регион. Помеѓу 1996 и 2016 година, жителите во областа околу фабриката заболувале од азбестоза, плеврален излив, мезотелиом, а се зголемила и стапката на рак на белите дробови.https://web.archive.org/web/20230328011352/https://www.24ur.com/novice/slovenija/se-ponavlja-zgodba-z-azbestom-tudi-takrat-so-nasim-starsem-govorili-da-je-vse-po-zakonu-in-da-ne-skoduje.html Во 2020 година, компанијата произведува цемент согорувајќи тони ѓубре за производство на енергија. Лекарите и активистите за заштита на животната средина го критикувале фактот дека на фабриките за цемент како Салонит им е дозволено да загадуваат. Извршниот директор на Салонит Анхово, Јулијан Фортунат, изјавил дека тие се усогласени со владините и регулативите на ЕУ. Словенечкото Министерство за животна средина изјавило дека еколошките перформанси на Салонит Анхово биле „подобри од оние на повеќето европски фабрики за цемент“ и Салонит Анхово побарал од словенечката влада дозвола да согорува четвртина повеќе отпад во иднина, предизвикувајќи локални протести.

Во март 2024 година, словенечкиот парламент донел одлука за построги стандарди за емисија за согорување.

Спонзорства Салонит Анхово е главен спонзор на одбојкарскиот клуб ОК Салонит Анхово.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Економија на Словенија