Пљаса (; или Pliasa) — село во општината Малик на Горичката област, југоисточна Албанија.
Географија и местоположба Селото е сместено во северните падини на планината Морава, во Горичкото Поле, oколу 10 км североисточно од градот Горица, на надморска височина од 865 м.Пљаса (782015) — GeoNames
Историја На почетокот на XVIII век Пљаса било големо влашко село во Горичката Каза. Во 1831 г. селото било уништено од албански разбојници.Даскалов, Георги, Армъните в Гърция, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр.33 По Грчкото востание во Македонија во 1878 година, околу 135 влашки семејства се преселиле во околината на гратчето Алмирос во Тесалија.
Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал дека селото Пљаса било поделено на две маала – едно муслиманско (албанско) и едно христијанско (влашко). Во христијанското маало живееле околу 500 жители, Власи под влијание на романската пропаганда.Weigand (2001). Α΄. σελ. 322, 343. Во 1881 г. било отворено и романско училиште, кое во 1890 г. броело 73 ученици.
За време на Македонската борба, влашкото население останало верно на четниците на ВМОРО и ја одбиле Цариградската патријаршија. Во селската црква, богослужбата се оддржувала на романски, каде служел отец Харалампие Баламачи. Поради тоа, во 1905 г. андартскиот капетан Константинос Гутас го нападнал селото со цел населението да премине под Патријаршијата.Nicholas S. Balamaci. The Vlachs in Albania. A Travel Memoir and Oral History Летото истата година, андартите на Никола (Лаки) Дељо ги разбиле месните чети на Апостол Кочкона и Танаси Насту.
Според Васил К’нчов, на крајот на XIX век селото имало „300 куќи Македонци и Арнаути“.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пљаса е претставена како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Горичката Каза на Горичкиот Санџак со 210 куќи.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Полјани.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Пресвета Богородица“ — главна селска црква, изградена во 1801 г.
Личности Родени во Пљаса
Апостол Кочкона — горички војвода на ВМОРО Апостол Стериев — зограф од XIX век Аурел Чуфеску (1922–2011) — општественик во САД Василе Муши (1895–1961) — романски политичар Јорго Стериу (1872–1947) — романски претприемач Константин Колимитра (1912–2001) — влашки писател Танаси Насту (1879–1927) — револуционер на ВМОРО Харалампие Баламачи (1863–1914) — влашки свештеник
По потекло од Пљаса
Митре Влаот (1873–1907) — македонски револуционер и војвода на ВМОРО, роден во Кономлади
Наводи
Категорија:Малик