Враниште или Враништа () — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во североисточните падини на планината Морава, во долината на реката Леска, лева притока на Девол, околу 4 км југозападно од селото Прогун, на надморска височина од 910 м. Враниште е потполно споено со соседното село Пиљур.Враниште (781181) — GeoNames
Историја Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Ивранеште, спахиски тимар и зиамет со 46 христијански домаќинства, 19 неженети и 1 вдовица.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вираништа е претставено како чисто албанско село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак со 75 куќи.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Прогун.
Наводи
Категорија:Девол