мини| Волонтери кои чистат депонија во близина на Верд за време на настанот Да ја исчистиме Словенија за еден ден! (словенечки: Očistimo Slovenijo v enem dnevu!) — словенечки еколошки волонтерски проект организиран од еколошката организација Еколози без граници на 17 април 2010 година. Целта била да се спроведе најголемата еколошка акција во историјата на Словенија, во која учествувале 200.000 волонтери и отстраниле најмалку 20.000 тони отпад од незаконските депонии во земјата. Организирано било и чистење на расфрланиот отпад во урбаните средини. Проектот бил инспириран од естонската кампања Ајде да го направиме 2008.
Во месеците пред настанот, настанот бил промовиран преку различни промотивни и организациски активности со цел да го зголемат бројот на волонтери. Била извршена голема инвентаризација на незаконските депонии со помош на словенечката мрежна картографска служба Геопедија. Регистрирани биле 115.000 такви депонии, кои содржеле околу 100.000 кубни метри отпад. Во оваа фаза, на напорот му се придружиле неколку други организации, како што се Управата за граѓанска заштита и помош при катастрофи, Одделот за географија на Факултетот за уметности (Универзитет во Љубљана) и други. Околу 300 припадници на Словенечките вооружени сили учествувале во експерименталното чистење една недела пред главниот настан за да ги решат логистичките проблеми.
Според официјалните податоци, околу 105.000 луѓе од сите словенечки општини се пријавиле до последниот ден на регистарција 10-ти април, подоцна бил продолжен последниот ден на регистрација до денот на настанот. Планирано било да се отстранат 80.000 кубни метри отпад; преостанатиот содржински дел од инвентаризираните депонии бил опасен отпад или отпад од уривање. Таквиот отпад не требало да се чисти, туку само да се забележи, па потоа да се информираат службените лица.
На денот на настанот, околу 270.000 волонтери, или повеќе од 13% од словенечкото население учествувало, што ја направила акцијата „Да ја исчистиме Словенија за еден ден!“ најголемата граѓанска иницијатива во историјата на независна Словенија и поставила светски рекорд. Тие отстраниле 60.000 кубни метри, или 12.000 тони отпад од 7000 депонии. За ова достигнување, Еколози без граници добиле Орден за заслуги на Словенија од претседателот Данило Тирк.
Поврзано
Да ја исчистиме Словенија 2012 година
Наводи
Надворешни врски
Категорија:2010 во Словенија Категорија:Настани во Словенија Категорија:Словенечко општество