Андрес Лауструп Дрејер (роден на 2 мај 1998, во Браминг) е дански фудбалер, на Сан Диего и на данската репрезентација.
Технички карактеристики Неговата примарна позиција е десно крило.
Клупска кариера Есбјерг Роден во Браминг, Дрејер ја започнал својата кариера играјќи за локалните клубови Рибе и Браминг, пред да стигне во академијата на Есбјерг во 2012 година.
На 20 септември 2016 година, додека играл за тимот под 19 години, Дрејер потпишал продолжување на неговиот договор со Есбјерг за една година до 2018 година. Продолжувајќи да игра за тимот под 19 години, на 2 април 2017 година, тој конечно го направил своето деби за првиот тим во натпреварот против Рандерс во Суперлигата на Данска, заменувајќи го Авер Мабил во 72-рата минута. Дваесет дена подоцна, на 22 април 2017, тој го постигнал својот прв гол во кариерата за Есбјерг против Хорсенс, во гостинската победа со 0-1.
Откако Есбјерг испаднал во Првата дивизија на Данска, Дрејер трајно бил промовиран во првиот тим за сезоната 2017-2018. Во оваа сезона тој го направил својот пробив, завршувајќи како најдобар стрелец во лигата со 18 гола, и помагајќи му на Есбјерг да се врати во Суперлигата на Данска по една сезона отсуство. На 27 мај 2018 година, Дрејер го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, во реваншот од плејоф двомечот за промоција против Силкеборг, со што го вратил Есбјерг во елитата на данскиот фудбал.
Брајтон енд Хоув Албион На 7 август 2018 година, Дрејер бил купен од англискиот клуб Брајтон енд Хоув Албион. Сепак, во клубот од Премиер лигата тој никогаш не добил можност да настапи, играјќи само за резервниот тим под 23 години. Во јануари 2019 година, Дрејер му се приклучил на шкотскиот Сент Мирен на позајмица до крајот на сезоната. Дебитирал во шкотското првенство на 27 јануари 2019, играјќи го целиот натпревар на домашен терен против Хибернијан што завршил со пораз од 1-3. Откако заработил повреда на коленото кон крајот на април, Дрејер се вратил во Брајтон и го пропуштил крајот на сезоната. Тој одиграл единаесет натпревари во дресот на Сент Мирен на кој постигнал еден гол, на 6 април во ремито 1-1 против Хамилтон Академикал.
На 23 август 2019 година, Дрејер бил позајмен на холандскиот клуб Херенфен за сезоната 2019-2020. Тој го направил своето деби 8 дена подоцна, влегувајќи како замена во ремито 1-1 на домашен терен против Фортуна Ситард. Својот прв гол во Ередивиси, го постигнал 8 декември 2019, во гостинската победа над РКЦ Валвајк со 3-1.
Митјиланд На 6 јануари 2020 година, Дрејер се вратил во својата родна Данска, потпишувајќи четири и пол годишен договор со Митјиланд. Неговиот силен почеток со два гола и една асистенција во неговите први два настапи за клубот довел до тоа, тој да биде прогласен за играч на месецот во Суперлигата на Данска за февруари 2020 година. Со својте 16 настапи и 4 гола во Суперлигата на Данска, тој помогнал за освојувањето на титулата во данското првенство на крајот од сезоната - неговиот прв поважен трофеј во кариерата. Следната сезона тој дебитирал во Лигата на шампионите.
Рубин Казањ На 28 август 2021 година, тој потпишал петгодишен договор со рускиот клуб Рубин Казањ. На своето деби на 13 септември 2021 година, тој постигнал хет-трик против Урал Екатеринбург. Тој станал првиот играч во историјата на лигата, кој постигнал три гола во неговиот прв натпревар во руското првенство. На 14 натпревари за Рубин во првенството, тој постигнал 8 гола.
На 11 март 2022 година, договорот на Дрејер со Рубин бил суспендиран до 30 јуни 2022 година, според посебните прописи на ФИФА поврзани со Руската инвазија на Украина. Прописите им дозволувале на странските играчи во Русија да ги суспендираат своите договори до крајот на сезоната 2021-2022 и да потпишат со клуб надвор од земјата до тој датум.
Враќање во Митјиланд На 16 март 2022, Дрејер се вратил во Митјиланд на позајмица до 30 јуни 2022. За време на овој период, тој дал голем придонес во освојувањето на Купот на Данска; најпрво, тој дал гол и во двата натпревари од полуфиналето за да го елиминираат Вајле, а во финалето во кое Митјиланд го победиле Оденсе по изведување на пенали, тој бил еден од прецизните изведувачи за својот клуб. На 6 јули 2022, тој потпишал перманентен четиригодишен договор со Митјиланд.
Андерлехт На 15 јануари 2023 година, Дрејер потпишал четири ипол годишен договор со белгискиот Андерлехт, во трансфер вреден околу 4 милиони евра. Во Андерлехт, Дрејер брзо се адаптирал и го постигнал својот прв гол во неговиот четврти натпревар за клубот на почетокот на февруари против КВ Остенде во гостинската победа со 2-0. Тој постигнал 4 гола на 14 настапи до крајот на сезоната, која за Андерлехт била разочарувачка откако го освоиле само единаесеттото место, нивниот најлош пласман уште од 1937 година. Следната сезона, тој играл во одлична форма и бил избран за играч на годината од навивачите на клубот. Дрејер постигнал 19 гола во белгиското првенство со кој бил најдобар стрелец на Андерлехт и втор најдобар во лигата, единствено зад Кевин Денке од Серкл Бриж. На 28 октомври 2023 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Белгија, во победата со 5-1 над Ауд-Хеверле Левен.
Сан Диего На 22 јануари 2025 година, Дрејер потпишал тригодишен договор со американскиот клуб и нов член на МЛС лигата, Сан Диего.San Diego FC Signs Winger Anders Dreyer to a Designated Player Contract, sandiegofc.com, 22 January 2025 Клубот претходно веќе имал договорено двајца сонародници на Дрејер, Јепе Тверсков и Маркус Ингвартсен. Дрејер го направил своето деби, стартувајќи за Сан Диего во првиот натпревар во историјата на клубот, а потоа ги постигнал двата гола на во победата со 2-0 на гости над актуелниот шампион Лос Анџелес Галакси на 23 февруари 2025.
Репрезентативна кариера Дрејер бил репрезентативец на Данска речиси во сите младински селекции од под 17 до под 21 година.
Со репрезентацијата под 21 година, тој настапил на две Европски првенства во споменатата возраст во 2019 и 2021 година.
За сениорската репрезентација дебитирал на 12 ноември 2021, во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022 против Фарски Острови во победата со 3-1 во Копенхаген.
Во јуни 2024 година, тој бил повикан од селекторот Каспер Хјулманд во составот на Данска за Европското првенство 2024, но таму не настапил ниту еднаш.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 23 април 2023. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 Есбјерг СЛ 6+4play-out 1+0 КД 0 0 - - - - 10 1 2017-2018 1Д 31+2Плејоф 18+3 КД 1 0 - - - - 34 21 јул.-авг. 2018 СЛ 4 1 КД 0 0 - - - - 4 1Вкупно Есбјерг 42+6 20+3 1 0 - - - - 49 23 2018-јан. 2019 ПЛ 0 0ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - 0 0 јан.-јун. 2019 Сент Мирен ПЛ 10 1КШ 1 0 - - - - 11 1 2019-јан. 2020 Е 11 1КХ 2 0 - - - - 13 1 јан.-јун. 2020 СЛ 16 4 - - - - - - 16 4 2020-2021 СЛ 31 8 КД 4 0 ЛШ 104 настапи во квалификациските кола 32 гола во квалификациските кола - - 45 11 јул.-авг. 2021 СЛ 6 3 КД 0 0 ЛШ 3Во квалификациските кола 0 - - 9 3 2021-мар. 2022 Рубин Казањ ПЛ 14 8 КР 0 0 - - - - 14 8 мар.-јун. 2022 СЛ 10 5 КД 3 2 - - - - 13 7 2022-јан. 2023 СЛ 16 8 КД 1 0 ЛШ+ЛЕ 4+6 0+2 - - 27 10Вкупно Митјиланд 79 28 8 2 23 5 - - 110 35 јан.-јун. 2023 ПЛ 14 4 - - ЛК 6 1 - - 20 5 2023-2024 ПЛ 37 19 КБ 2 2 - - - - 39 21 2024-јан. 2025 ПЛ 18 3 КБ 3 1 ЛЕ 72 Во квалификациските кола 1 - - 28 5Вкупно Андерлехт 69 26 5 3 13 2 - - 87 31 2025 Сан Диего МЛС 1 2 УСКуп 0 0 - - - - 1 2Вкупно во кариерата 232 89 17 5 36 7 - - 285 101
Репрезентативна статистика
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Данска202120202410Вкупно30
Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварување1 27/05/2018 Блу Вотер Арена, Есбјерг 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 3 - 0 Суперлига на Данска 2017-2018 (Плејаут)2 13/09/2021 Ак Барс Арена, Казањ 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 4 - 0 Премиер лига на Русија 2021-20223 28/10/2023 Констант Ванден Сток, Брисел 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 5 - 1 Про лига 2023-2024
Титули Клупски Митјиланд Суперлига на Данска : 1 2019-2020 Куп на Данска : 1 2021-2022
Наводи
Надворешни врски
Андерс Дрејер на soccerway Андерс Дрејер на transfermarkt Андерс Дрејер на espn Андерс Дрејер на whoscored
Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Митјиланд Категорија:Фудбалери на ФК Рубин Казањ Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година