Електрик турнеја била светска турнеја на синтпоп дуото Pet Shop Boys 2013–15 во поддршка на нивните два албума Елисиум и Електрик. Првиот дел започнал на 22 март и завршил во октомври во Мексико. Вториот дел од турнејата бил најавен во јануари 2014 година, со почеток на фестивалот Коачела во Калифорнија во април. Третиот дел од турнејата бил најавен во февруари 2015 година, со почеток на фестивалот Контемпопранеа во Бадахоз, Шпанија. Имено, турнејата била најавена на 5 декември 2012 година уште пред објавувањето на Електрик, албумот кој го носи истото име со турнејата. Концепт Шоуто го сочинуваат бендот заедно со двајца танчери кои настапуваат пред огромен екран.
Екранот често проектира силуети на членовите на бендот, Нил Тенант и Крис Лоу, кои се трансформираат во различни бои или облици според секоја песна, но исто така проектира и други типови на видеа, како што е посетата на места низ светот преку Google Earth за време на песната „Самвер“.
Шоуто започнува со „ Аксис“ и завршува, на повеќето датуми, со „ Вокал “, кои се соодветно почетните и завршните нумери на нивниот албум Електрик.
Сет листата има некои кратки интерлюдиум или продолжени инструментални делови кои ѝ овозможуваат на бендот да излезе од сцената, да се преоблече и да се врати. Тие моменти исто така може да се сметаат за поврзувачи меѓу едниот и другиот дел на шоуто.
Танчерите секогаш имаат покриени лица на некој начин. Тие се појавуваат првпат за време на интерлудиумот што претходи на "Ај вуднт нормали до дис кајнд оф тинг" и го завршуваат настапот со "Вокал", при што и двата пати носат големи маски на минотаур.
Осврти Алекс Нидем од Гардијан го опишал настапот во Сиднеј со зборовите: "Како и во поголемиот дел од нивната долга кариера, шоуто оди по тенка жица меѓу попот и уметноста, глупавоста и длабочината. Голем дел од шоуто ги прикажува Пет Шоп Боис во екстравагантни облеки (флуоросцентно портокалови јакни; диско топка која целосно го покрива Лоу со главата) пред специјално направени филмови кои се движат од слики од Google Earth за 'Самвер' до еднаквости за 'Опортунитис'."
Роберт Колинс од ЦТВ Бритиш Колумбија рече за шоуто во Ванкувер: „... тие сеопфатно докажаа како идеите се во срцето на поп-ѕвездата“.
Категорија:Концертни турнеи