десно|мини|200x200пкс| Водопадот Ринка Ринка е водопад во Логарската долина во општина Солчава, Република Словенија. Настанува веднаш после првиот извор на реката Савиња. Прогласен е за природно богатство. Водопадот Ринка е еден од најубавите и најпознатите водопади во Словенија, а воедно и туристичка атракција во Словенија. Тој е најголемиот од 20-те водопади во долината Логар. Има посети во сите годишни времиња. Во зима, качувањето по замрзнатите водопади е популарно кај планинарите. Најдобар поглед на водопадот е од Камнишко Седло.

Најпознатиот дел од водопадот Ринка се наоѓа во неговиот долен дел, кој е висок 90 метри. Погоре се наоѓаат два помали, кои се гледаат од патот за Оркешље.

Карактеристики

Вкупна висина: 105 метри Највисок посебен водопад: 90 метри Број на слапови: 3 Надморска височина: 1120 метри

Надворешни врски

Водопад Ринка

Категорија:Водопади во Словенија