мини|Замокот Ојстрица, Георг Матеус Вишер, Topographia Ducatus Stiriae (1681) Замокот Ојстрица (словенечки: Grad Ojstrica, германски: Osterwitz, Osterwiz, Osterbitz) бил замок над населбата Локе во општина Табор во централна Словенија. Денес, само руина на замокот останала на ридот, локално позната како Стари Град (Стар Замок), на југозапад од централниот дел на населбата.
Првично бил изграден во 13 век и припаѓал на грофовите од Цеље. Бил напуштен во 16 век откако беше нападнат за време на селанскиот бунт во 1535 година. До почетокот на 17 век веќе бил руина. Денеска останале само делови од утврдувањата.Slovenian Ministry of Culture register of national heritage reference number ešd 10401
Историски се верувало дека замокот Ојстрица е местото каде Вероника од Десенице била затворена и на крајот убиена.
Наводи
Категорија:Замоци во Словенија