мини|Драготин Лончар Драготин Лончар (5 ноември 1876 – 29 јули 1954) бил словенечки историчар, уредник и социјалдемократски политичар .

Роден бил роден во Село кај Луковица во Горењска По завршувањето на Државната гимназија во Љубљана, студирал историја на Карловиот универзитет во Прага, а дипломирал во 1904 година. Во Прага, тој се приклучил на кругот на млади словенечки левичарски интелектуалци кои биле под влијание на политичката и социјалната мисла на Томаш Гариг Масарик, во која биле вклучени личности како Антон Дермота и Јосип Ферфолја.

По враќањето во словенечките земји, тој предавал историја во Првата гимназија во Љубљана, накратко бил и директор. Подоцна работел како директор на Народниот музеј на Словенија, а од 1920 година како раководител на издавачката куќа Словенечка матица.

Пред Првата светска војна, тој се приклучил на Југословенската социјалдемократска партија, каде што бил дел од нејзиното десно крило, предводено од Албин Препелух. По спојувањето на партијата со таканаречените центристи во 1921 година, кои поддржувале југословенски централизам, Лончар ја напуштил партијата. Во 1924 година бил еден од основачите на Словенечката работничка аграрна републиканска партија. Во 1927 година, оваа партија се обединила со Независната аграрна партија, формирајќи ја Словенечката селанска партија, која била словенечки еквивалент на Хрватската селанска партија, со која одржувала силни врски.

По воспоставувањето на кралската диктатура на кралот Александар I Караѓорѓевиќ, Лончар се повлекол од политиката, посветувајќи се на својата научна и уредувачка работа.

Починал во Љубљана, а бил погребан на гробиштата Жале.

Наводи

Категорија:Родени во 1876 година Категорија:Починати во 1954 година Категорија:Апсолвенти на Карловиот универзитет Категорија:Словенечки историчари