мини| Обвинетите на судење Нагодевиот судски процес (словенечки: Nagodetov proces) — политичко монтирано судење во Словенија, Југославија во 1947 година.Vodušek Starič, Jerca. 1993. Nagodetov proces. Enciklopedija Slovenije, vol. 7, p. 270. Ljubljana: Mladinska knjiga.
Судскиот процес бил спроведен од словенечките власти под раководство на Сојузот на комунисти на Словенија против некомунистичките политичари кои сакале да учествуваат во политиката во Словенија по 1945 година. Во мај 1947 година Управата за државна безбедност (т.е. тајната полиција УДБА) лишила од слобода 32 високообразовани интелектуалци. Меѓу нив биле и некои поранешни членови на Сојузот на комунисти на Словенија, но повеќето биле слободоумни демократи кои биле за парламентарна демократија од западен стил. На 27 јули 1947 година, обвинението било покренато против 14 обвинети. Тоа биле Чртомир Нагоде, Љубо Сирц, Леон Кавчник, Борис Фурлан, Зоран Хрибар, Ангела Воде, Метод Кумељ, Павла Хочевар, Сватоплук Жупан, Богдан Старе, Метод Пирц, Вид Лајовиќ, Елизабета Хрибар. Постапката против Франк Сној била додадена на овој судски процес на 4 август. Два месеци биле испрашувани и мачени во љубљанските затвори. Политбирото на Централниот комитет на Сојузот на Комунисти на Словенија ги искористила југословенските медиуми за да ги карактеризира уапсените како „група шпиони, класни непријатели, странски платени агенти, кои немаат политичка програма и чија работа, без никаква политичка вредност, е да му наштетат на народниот авторитет“. Судскиот процес против обвинетиот започнал на 29 јули и постапката била емитувана на јавноста преку специјални звучници на улиците. Јавен обвинител на судењето бил Виктор Авбељ. Судскиот процес станал познат како „Нагодевиот судски процес“ по главниот обвинет. По 13 дена рочишта, на 12 август тројца од обвинетите (Нагоде, Борис Фурлан и Љубо Сирц) биле осудени на погубување со стрелање, а останатите биле осудени на долги затворски казни со принудна работа, лишување од сите граѓански права и конфискација на нивниот имот. Нагоде бил застрелан на 27 август 1947 година и смртните казни против Фурлан и Сирк биле заменети на 20 години затвор. Двајца од осудените извршиле самоубиство.
Во 1991 година, Врховниот суд на Република Словенија ја поништила пресудата против Нагоде и неговите четиринаесет сообвинети со образложение дека таа е заснована на лажно сведочење и дека тоа било коруптивно судење против имагинарни западни шпиони.
Наводи
Поврзано
Судења во Дахау (Словенија) Категорија:Политичка историја на Словенија Категорија:Политички репресии во комунистичка Југославија