Хана Корнети (, Скопје) — македонска писателка. Дипломирала историја и филозофија во Анкара, а магистрирала на културолошки студии во Истанбул. Помеѓу другото, во „Или-или“ ги има објавено збирката раскази „Млечни заби“ (2021) и романот за деца „Илина и шумските тролови“ (2023). Добитничка е на прва награда за театарско сценарио во 2019 г., на втора награда на конкурсот за најдобар расказ на „Нова Македонија“, а била и финалист во регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“.

Награди 2025 - Награда „Ванчо Николески“ - награда на ДПМ за најдобра книга за деца во 2025 година за книгата „Илина и тајните на Бабин Заб“

Наводи

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Добитници на наградата „Ванчо Николески“