мини|Кангина обложена со хартија, отворена за пристап до грозјето складирано внатре мини|Затворена кангина|259x259пкс Кангина е традиционална авганистанска техника за зачувување на свежо овошје, особено грозје, во херметички дискови (исто така наречени кангина) формирани од кал и слама. Оваа вековна техника е автохтона за руралниот центар и север на Авганистан, каде што оддалечените заедници кои не можат да увезуваат свежо овошје, јадат свежо грозје зачувано во кангина во текот на зимата, а трговците ја користат кангина за безбедно складирање и транспорт на грозје за продажба на пазарите. Грозјето зачувано со користење на кангина во модерен Авганистан обично е од сортите Таифи или Кишмиши, кои имаат дебела кора, чија берба е подоцна во сезоната и остануваат овака чувани свежи во следните 6 месеци. мини|Видео од отварање кангина Овој метод е форма на пасивно складирање во контролирана атмосфера. Функционира на тој начин што го запечатува овошјето во кал богата со глина, ограничувајќи го протокот на воздух, влага и микроби, исто како кога би се користела пластична кеса. Дисковите се формираат од две парчиња извајани од кал и слама во облик на сад, и кои се печат на сонце пред да се наполнат со најмногу 1-2 кг чисто овошје Hejazi, Ziaurrahman; Nawakht, Noor Agha; Hedayat, Yar Mohammad; Giordani, Edgardo (2023-03-01). "Styrofoam Packaging as Alternative of the Afghan Traditional "Gangina" Container to Extend Quality of 'Taifi' Grapes in Room Temperature Storage". Journal of Packaging Technology and Research. 7 (1): 35–41. doi:10.1007/s41783-022-00148-1. ISSN 2520-1042. S2CID 255079194. и потоа се затвораат со кал. Се чуваат суви и ладни места, подалеку од директна сончева светлина.Glinski, Stefanie (2021-03-25). "The Ancient Method That Keeps Afghanistan's Grapes Fresh All Winter". Atlas Obscura. Retrieved 2023-12-06. Постепеното навлегување на гас низ глинената бариера овозможува кислородот да влезе во садот, одржувајќи го грозјето свежо, додека зголемената концентрација на јаглерод диоксид во пакувањето го инхибира метаболизмот на грозјето и го спречува растот на габи. Грозјето се спречува да се исуши, а калта апсорбира течност што инаку би довело до раст на бактерии и габи.
Практиката на чување грозје во кал и слама е забележана уште во 12 век: во својата книга за земјоделство, севилскиот агроном Ибн ал-'Авам забележал дека редењето грозје со слама во стаклени садови запечатени со кал или "чини од кравји измет" е постоечка техника на зачувување во Андалусија.
Кангина се евтини, еколошки и ефикасни садови за зачувување на свежо овошје. Студија од 2023 година покажа дека кангина и кутиите од полистиренска пена се најефикасни садови за зачувување на грозје.. Садовите сепак, се тешки, незгодни и склони кон апсорпција на влага. Наводи
Категорија:Грозје Категорија:Глина Категорија:Храна и пијалаци во Авганистан