Анѓа Вујовиќ - Денда ( во ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.

Животопис десно|мини|200x200пкс|Анѓа Вујовиќ е носител на Партизанската споменица 1941. Учествувала во напредното младинско движење пред војната, како член на СКОЈ. Во 1939 година била избрана за член на МК СКОЈ во Ѓаковица. Поради покажаната активност била често апсена и сослушувана. Со отпочнување нa вооруженото востание, пренесувала оружје и работела на организирањето на младината и жените. Во март 1942 година била затворена во Тиранскиот затвор во Албанија, но била ослободена поради немање докази. Кон крајот на 1943 година станала борец во Првата македонска ударна бригада и раководител на СКОЈ во 3 чета на I косовски баталјон, потоа помошник политички комесар на чета и заменик комесар на баталјон во Првата косовско-метохиска ударна бригада. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година и повеќе други одликувања.

Поврзано Даница Вујовиќ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941