Свети Јоаким Осоговски — главна селска црква во штипското село Софилари, Македонија.
Црквата во 2024 година била уште во изградба.
Местоположба
Црквата се наоѓа на крајот од селото, во близина на реката Брегалница, зад некогашната задруга „Братство“.
Историја
Црквата започнал да ја гради иселеникот Аце Ангелов во 2017 година на место за кое се сметало дека некогаш имало црковен објект, но истиот бил запален и срушен до темел. Од тој објект останале стари камења и брестови стари над 500 години.
Традиционален црковен собор
Во чест на светителот и заштитникот Св. Јоаким Осоговски, во селото Софилари секоја година, откако е започната изградбата на црквата се одржува собор, кој се одржува на 28 август навечер и 29 август наутро.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Софилари
Наводи
Надворешни врски
Софилари