Лилјана Ѓоше Гаврилска ( во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Со отпочнувањето на вооруженото востание, во текот на 1941 година била користена како поединечна врска од Месниот Комитет на КПЈ - Св. Николе, бидејќи во нејзиниот дом се чувал целиот санитетски материјал, оружје, храна и облека за борците на НОВ и ПОМ. Собирала народна помош и изработувала топла облека за борците, носела храна на полициските затвореници, во Скопскиот и Ќустендилскиот затвор. Во 1944 година била примена за член на КПМ. Во септември 1944 година била избрана за прв претседател на Околискиот одбор на АФЖ, а во декември истата година за член на Главниот одбор на АФЖ за Македонија.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ