Румелиски Пашалак, или Румелиски Ејалет (), познат како Румелиски Беглербеглак до 1591 година, ― покраина од прво ниво (пашалак/ејалет/беглербеглак) на Отоманската Империја која го опфаќала поголемиот дел од Балканот („Румелија“). Во поголемиот дел од својата историја, тој бил најголемата и најважната покраина на Империјата, опфаќајки клучни градови како Одрин, Јанина, Софија, Пловдив, Битола, Скопје и главното пристаниште Солун. Тој исто така бил меѓу најстарите отомански пашалаци, кој траел повеќе од 500 години со неколку територијални преструктуирања во текот на долгиот тек на неговото постоење.

Главен град бил Одрин, Софија и на крајот Битола. Неговата заведена површина во алманах од 1862 година била 124.630 км2.

Историја Првично наречен беглербеглак или општо вилает („покраина“) Румелија, дури по 1591 година бил употребен поимот ејалет.

Првиот беглербег на Румелија бил Лала Шахин-паша, кој ја добил титулата од султанот Мурат I како награда за неговото заземање на Одрин во 1360-тите, и му била дадена воена власт над османлиските територии во Европа, со кои тој ефективно управувал како заменик на султанот додека султанот се враќал во Анадолија. Исто така, Силистренскиот Пашалак бил основан во 1593 година.

Од своето основање, покраината Румелија ја опфаќала целата европска сопственост на Отоманската Империја, вклучувајќи ги и прекудунавските освојувања како Акерман, сè до создавањето на понатамошни пашалаци во 16 век, почнувајќи со Островскиот (1533), Будимскиот (1541) и Босанскиот (1580).

Првиот главен град на Румелија веројатно бил Одрин, кој исто така бил, до падот на Константинопол во 1453 година, главен град на Османлиите. По неа некое време следела Софија и повторно Одрин до 1520 година, кога Софија повторно станала седиште на беглербегот. Во тоа време, беглербегот на Румелија бил командант на најважната воена сила во државата во облик на тимарско спахиска коњица, а неговото присуство во главниот град во овој период го направило редовен член на царскиот совет (диван). Од истата причина, моќните големи везири како Махмуд-паша Ангеловиќ или Паргали Ибрахим-паша го држеле беглербеглакот во тандем со власта на големиот везир.

Во 18 век, Битола се појавила како заменско престојувалиште на управникот, а во 1836 година службено станала главен град на пашалакот. Речиси во исто време, танзиматските реформи, насочени кон осовременување на Империјата, ги разделиле новите пашалаци на Скопски, Јанински и Солунски и го намалиле Румелискиот Пашалак на неколку покраини околу Битола. Застарениот пашалак опстанал до 1867 година, кога, како дел од преодот кон поунифицираниот вилаетски систем, неговата територија станала дел од Битолскиот Вилает.

Источна Румелија станала нова османлиска покраина во 1878 година (формално до 1908 година, но обединета со Кнежеството Бугарија од 1885 година).

Управници Управникот на Румелискиот Пашалак бил нарекуван „Беглербег на Румелија“ (Румели бејлербеји) или „Валија на Румелија“ (Румели вали). УправникВладеењеЗабелешкиЛала Шахин-пашапрвиот беглербег на Румелија, лалата (туторот) на Мурат I.Тимурташ-бег 1385Сулејман Челебијапред 1411син на Бајазит IМихаоглу Мехмет-бег1411Мустафа-бег1421Синан-паша ( син на благородникот Богдан)1430Хадим Шехабедин1439–42Касим-паша1443Омер-бег 1453Турахан-бегпред 1456Махмуд-пашапред 1456Ахметпо 1456Хас Мурат-паша 1469–1473Хадим Сулејман-паша 1475Давут-паша 1478Синан-паша 1481Месих-пашапо 1481Хасан-паша 1514Ахмет-паша 1521Ѓузелџе Касим-паша 1527Ибрахим 1537Хосров-пашајуни 1538–?Али-паша 1546Соколу Мехмет-паша 1551Шемси Ахмед-паша1564 – 1569Доганџи Мехмет-пашаОсман Јеген-паша1687Сари Ахмет-паша1714–1715Топал Осман-паша1721–27, 1729–30, 1731Хаџи Мустафа-пашалето 1797–?Ахмет Камил Пасазаде Хаки-пашаАли-паша1793Али-паша (2. мандат)1802)Вели-паша (син на Али-паша) 1804Хуршид-паша 1808Ќосе Ахмет Зекерија-паша1836–март 1840Мехмет Дилавер-пашамај–јули 1840Јусуф Мухлис-паша Серезлијули 1840–февруари 1842Јакуб-паша Кара ОсманзадеМустафа Нури-паша, СиркатибиМехмет Саид-паша, Мирза/ТатарМехмет Зијаедин-паша, МезарџизадеОмер-паша, КизилхисарлиМехмет Зијаедин-паша, МезарџизадеМехмет-Емин-пашаАсаф-пашаМехмет Решит-паша, БошнакзадеОмер-паша, Кизилхисарли (2. мандат)Мехмет Хуршид-паша АрнавутАхмед Назир-пашаИсмаил-паша, ЧеркесАбдулкерим Надир-паша, ЧирпанлиАли-паша, Хаџи, Ќутахиали/ГермијаноглуХусеин Хусну-пашаМехмет Тевфик-паша, Ташџизаде

Административни единици

1475 година Во списокот датиран во 1475 година, се наведени седумнаесет подредени санџак-бегови, кои контролирале помали покраини односно санџаци, кои исто така функционирале како воени команди:

Константинополски Галиполски Одрински Никополски Видински Софиски Лазарова Земја Деспотска Земја Ениџевардарско (под Евренос-бег) Скопски Албанска Земја (под Скендербег) Албанска Земја (под Аријанитите) Босански Босна (под Стефан) Артски, Ламиски и Атински Морејски Битолски

1520-ти Друг список, кој датира од раното владеење на Сулејман Величествениот (владеел 1520–1566), ги наведува санџак-беговите од тој период, по приближен редослед на важност.:

Бег на паша-санџакот (главниот санџак) Босанки Морејски Смедеревски Видински Херцеговински Силистренски Охридски Валонски Скадарски Јанински Галиполски Ќустендилски Никополски Софиски Навпактски Трикалски Крушевачки Вучитрнски Кефенски Призренски Карлелски Евбејски Черноменски Визенски Зворнички Лерински Елбасански Санџак-бег на „Циганите“) Митиленски Карадаг (Црна Гора) Санџак-бег на „муслиманите од Кирк Килисе“) Санџак-бег на војнуците

Тие што биле санџак-бегови на „циганите“, муслиманите од Кирк Килисе, и војнуците, не биле со територија назначени, туку претставувале само санџак-бег назначен да ги контролира овие расфрлани и често номадски групи, и кој дејствувале како командант на воените сили регрутирани меѓу нив. Паша-санџакот во овој период опфаќал широк простор во западна Македонија, вклучувајќи ги градовите Скопје, Прилеп, Битола и Костур.

Сличен список составен околу 1534 година, ги дава истите санџаци, освен отсуството на Софискиот, Леринскиот и Навпактскиот (меѓу покраините пренесени кон новиот Островски Пашалак во 1533 година), и додавањето на Солунскиот.

1538 година Во 1538 година, биле наведени 29 ливи (санџаци) за време на владеењето на султанот Сулејман I.

Софиски (румелиски паша-санџак) Евбејски Крушевачки Валонски Босански Черноменски Галиполски Херцеговински Елбасански Скадарски Зворнички Карлелски Кефенски Ќустендилски Морејски Никополски Охридски Призренски Родоски Смедеревски Силистренски Трикалски Видински Визенки Вучитрнски Јанински Кирккилиски (Лозенградски) Цигански Војнучки

1644 година Понатамошни санџаци биле отстранети со прогресивното создавање на нови пашалаци, и еден службен регистар од околу 1644 година, евидентирал само петнаесет санџаци во Румелискиот Пашалак:

Ќустендилски Трикалски Призренски Јанински Делвински Вучитрнски Скопски Елбасански Валонски Пеќски Скадарски Охридски Крушевачки Солунски Војнучки

1700/1730 година десно|мини|300x300пкс| Румелискиот Пашалак во 1795 година. Административната поделба на Румелискиот беглербеглак помеѓу 1700-1730 година била следна:Orhan Kılıç, XVII. Yüzyılın İlk Yarısında Osmanlı Devleti'nin Eyalet ve Sancak Teşkilatlanması, Osmanlı, Cilt 6: Teşkilât, Yeni Türkiye Yayınları, Ankara, 1999, , p. 91.

Паша-санџак, односно Битолски Ќустендилски Трикалски Јанински Делвински Елбасански Скадарски Валонски Охридски Крушевачки Солунски Пеќски Призренски Скопски Вучитрнски Војнучки Цигански Јуручки

Почетокот на 19 век Санџаците во почетокот на 19 век:

Битолски Солунски Трикалски Скадарски Охридски Валонски Ќустендилски Елбасански Призренски Пеќски Скопски Делвински Вучитрнски Кавалски Крушевачки Јанински Смедеревски

Средината на 19 век мини|250x250пкс| Намалениот пашалак во 1850-тите. Според државниот годишник (салнаме) од 1847 година, намалениот Румелиски Пашалак, со седиште во Битола, ги опфаќал и Скадарскиот, Охридскиот и Костурскиот Санџак. Во 1855 година, според францускиот патеписец Огист Викеснел, пашалакот ги сочинувал Скадарскиот Санџак, со 7 кази (помали административни единици), Охридскиот со 8 кази, Костурскиот со 8 кази и Битолскиот Паша-санџак со 11 кази.

Наводи

Библиографија

Категорија:Држави и територии распаднати во 1867 година Категорија:Отоманска Тракија Категорија:Отоманска Србија Категорија:Отоманска Грција Категорија:Отоманска Бугарија Категорија:Отоманска Босна и Херцеговина Категорија:Отоманска Албанија Категорија:Отоманска Македонија Категорија:Историја на Балканот Категорија:Пашалаци на Османлиското Царство во Европа Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Престаноци во 1867 година во Отоманското Царство Категорија:Појавено во 1360-тите во Отоманското Царство Категорија:Држави и територии настанати во 1360-тите