Ураниум-232 (232U) — изотоп на ураниумот. Има време на полураспад од околу 69 години и е несакан производ во циклусот на ториумово гориво. Тој е наведен како пречка за ширењето на јадрено оружје користејќи 233U како фисилен материјал, бидејќи интензивното гама-зрачење кое е емитирано од 208Tl (ќерка на 232U, добиено релативно брзо) го прави 233U контаминиран со него потежок за ракување.
Добивањето на 233U (преку зрачење на неутрони од 232Th) секогаш произведува мали количини од 232U како нечистотија, поради паразитските (n,2n) реакции на самиот ураниум-233, на протактиниумот-233 или на ториумот-232:
232Th (n,γ) 233Th (β − ) 233Pa (β − ) 233U (n,2n) 232U 232Th (n,γ) 233Th (β − ) 233Pa (n,2n) 232Pa (β − ) 232U 232Th (n,2n) 231Th (β − ) 231Pa (n, γ) 232Pa (β − ) 232U
Друг канал вклучува реакција на неутронски зафат на мали количества ториум-230, што е мал дел од природниот ториум присутен поради распаѓањето на ураниумот-238:
230Th (n, γ) 231Th (β − ) 231Pa (n, γ) 232Pa (β − ) 232U
Распадната низа од 232U брзо дава силни емитери на гама-зрачење:Griffin, H. C. Natural Radioactive Decay Chains, Chapter 13 of Handbook of Nuclear Chemistry, Second Edition, Springer 2011,
232U (α, 68,9 години) 228Th (α, 1,9 година) 224Ra (α, 3,6 ден, 0,24 MeV) (од оваа точка па натаму, распадната низа е иста со онаа на 232Th. Ториумот-232 е сепак многу помалку опасен бидејќи неговиот крајно долго време на полураспад од околу 14-15 милијарди години значи дека не се наталожуваат многу од неговите опасни ќерки) 220Rn (α, 55 s, 0,54 MeV) 216Po (α, 0,15 с) 212Pb (β -, 10,64 ч.) 212Bi (α, 61 мин, 0,78 MeV) 208Tl (β -, 3 мин, 2,6 MeV) (35,94% сооднос на разгранување) 208Pb (стабилен)
Ова го прави рачното ракување во кутија за ракавици со само лесна заштита (како што обично се прави со плутониумот) премногу опасно, (освен можеби во краток период веднаш по хемиското одвојување на ураниумот од неговите распадни производи) и наместо тоа бара далечинско манипулирање за добивање на гориво.
Невообичаено за изотоп со парен масен број, 232U има значителен пресек на неутронски зафат за фисија (термални неутрони , резонантен интеграл ) како и за неутронски зафат (термички , резонантен интеграл ).
Наводи
Категорија:Актиноиди Категорија:Изотопи на ураниумот Категорија:Фисилни материјали Категорија:Јадрени материјали