мини|309x309px| Симболична сцена - Мустанзи во американските прерии. Мустангот е типичен „див“ северноамерикански коњ, кој потекнува од домашни коњи донесени во Америка од шпанските конквистадори кои на слобода подивеле. Зборот мустанг потекнува од шпански збор кој се однесувал на шпански еснаф кој одгледувал добиток во Кастиља. Мустангот е синоним за американскиот Див Запад и претставува грациозност, убавина, брзина и независност, поради што денес овој синоним често се користи во производи од високата класа (мотоцикли, автомобили).

Во 1971 година американскиот конгрес го признава мустангот како историски симбол на Западот.

Мустангот бил првиот припитомен коњ кој дошол во Америка со Шпанците. Предците на коњите живееле во Америка во праисторијата и подоцна изумреле.

Изумрени предци на коњите во Северна Америка Семејството коњи, потекнува од Северна Америка, каде што настанала пред 55 милиони години. Врз основа на една неодамнешна студија на ДНК, заклучено е дека меѓу видовите коњи што живееле во Северна Америка е и вид кој е предок на денешниот коњ. До крајот на доцниот плеистоцен, постоеле две познати лози на семејството на коњи во Северна Америка: едната се состоела од видови од родот, а другата од род, кој содржел само еден познат вид. До крајот на последното ледено доба, бил локално изумрен и исчезнат во Северна Америка.

Првите мустанзи во Америка мини|288x288px Првите коњи дошле во Америка со Шпанците околу 1500 година. Тие биле од андалузиско, арапско и магребско потекло. За време на шпанските експедиции, некои од нив избегале или биле киднапирани од Индијанците (експедицијата на Ернандо де Сото, Франциско Васкез де Коронадо). Ова било една од причините за брзото ширење на популацијата на коњи низ Америка. Мустангот исто така бил многу добро прифатен од домородните Американци, на кои коњот им станал многу значаен, особено на Команчи, Шошони и Незперси.

Мустангот станал задолжителен симбол во претставувањето на Америка, без разлика дали се работи за напади на поштенски возови или за битки меѓу Индијанци и каубојци. Холивуд го издигнува до легенда.

Коњите биле од големо значење во освојувањето на Америка. Кога Индијанците ги виделе Шпанците на коњ, ги сметале за богови. Невидени дотогаш, коњите им влевале голем страв.

Наводи

Категорија:Коњски раси Категорија:Коњи