мини|342x342пкс|Леѓен, 19-20 век, предмети употребувани во амам - Музеј на Старата скопска чаршија Леѓен е метален длабок сад во кој се чувало течност, најчесто вода, за хигиенска употреба или слична домашна цел.

Опис Леѓенот служел за миење раце и лице. Лежи рамно на дното, неговото тело во долниот дел е длабоко и со полутопчеста форма. Од завршетокот на овој дел нагоре почнува нагло проширување на страните на леѓенот во широка површина на благо закосен венец. Горниот крај на закосениот страничен дел завршува со раб, одвоен. Венецот е назначен како краен раб на леѓенот, подаден е вертикално нанадвор. Некои леѓени се и исечен на лимби, со мали врвлести форми. Делот од леѓенот што е наречен капак има скоро идентична форма со леѓенот само во намалена димензија. Има сосема мала нога, над неа е проширеното ѕвончесто подлабоко дно, од кое со големо проширување во заоблена форма продолжуваат страни, што всушност, како и кај големиот леген, е венецот од леѓенот, односно капакот. Работ од бочните страни, исто така, има мал венец,. Овој венец е малку поткренат нагоре и кога капакот е свртен надолу прецизно лежи во симсот, меѓу дното и почетокот на бочните страни од леѓенот. Капакот е издупчен по целата негова површина.

Кога е во употреба, дното е свртено кон дното на леѓенот, венецот лежи врз горниот крај од дното. На тој начин, при миење не ги пропушта тврдите материи, а водата слободно истекува низ дупчињата направени по венецот и на дното од капакот. Кога леѓенот не се користи, покриен е со капакот и со дното е свртен нагоре. Врз него се става ибрикот кој со дното е приспособен да стои стабилно врз горниот дел, односно врз дното од капакот. Ибрикот најчесто е дел од комплетот леѓен, капак, ибрик. Поради својата функција леѓените се богато украсени, најчесто со комбинација на растителни и геометриски мотиви. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 107, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Корито

Категорија:Метални садови