Јод азид () — експлозивно неорганско соединение, кое во обични услови е жолта цврста материја. Формално, тоа е интер-псевдохалоген.
Подготовка Јод азидот може да се добие од реакцијата помеѓу сребро азид и елементарен јод:
Бидејќи со сребро азидот може безбедно да се ракува само додека е влажен, но дури и малите траги од вода предизвикуваат разградување на јод азидот, оваа синтеза се прави со суспендирање на сребрениот азид во дихлорометан и додавање на средство за сушење пред реакцијата со јод. На овој начин се добива чист раствор на јод азид, кој потоа може внимателно да се испари за да се образуваат златни кристали во облик на игла.
Оваа реакција била користена во првобитната синтеза на јод азид во 1900 година, каде што бил добиен како нестабилни раствори во етер и нечисти кристали контаминирани со јод.
Јод азидот, исто така, може да се генерира in situ со реакција на јод монохлорид и натриум азид во услови каде што не е експлозивен.
Својства Во цврста состојба, јод азидот постои како еднодимензионална полимерна структура, при што образува два полиморфи, од кои и двата кристализираат во орторомпска решетка со просторна група Pbam. Гасната фаза постои како мономерни единици.
Јод азидот покажува и висока реактивност и компаративна стабилност, последици од поларитетот на I-N врската. Групата воведена со замена со јод азид често може да претрпи последователни реакции поради високата енергетска содржина.
Изолираното соединение е силно чувствително на удар и триење. Неговата експлозивност се одикува на следниов начин: Нормална зафатнина на гасот 265 L/kg Топлина на експлозија 2091 kJ/kg Траузлов рејтинг 14,0 cm3/g Овие вредности се значително пониски во споредба со класичните експлозиви како ТНТ или хексоген, а исто така и со ацетон пероксидот. Разредените раствори (< 3%) од соединението во дихлорометан може безбедно да се ракуваат.
Примена И покрај неговата експлозивна особина, јод азидот има многу практични употреби во хемиската синтеза. Слично на бром азидот, тој може да додаде преку алкенска двојна врска и преку јонски и радикални механизми, давајќи анти стереоселективност. Дополнување на до алкен проследено со редукција со литиум алуминиум хидрид е пригоден метод за синтеза на азиридин. Азирините, исто така, може да се синтетизираат од дополнителниот производ со додавање на база за елиминирање на HI, што дава винил азид кој се подложува на термолиза за да образува азирин. Понатамошните радикални начини на реактивност вклучуваат радикални замени на слабите CH врски за да се образуваат α-азидо етери, бензал ацетали и алдехиди и конверзија на алдехидите во ацил азиди.
Надворешни врски Raman spectrum of iodine azide
Наводи
Категорија:Соединенија на јодот Категорија:Соединенија на азотот Категорија:Експлозивни полимери Категорија:Псевдохалогени Категорија:Неоргански полимери Категорија:Азиди