Томас Анхел Гутиерес (роден на 20 февруари 2003, во Бирмингем) е колумбиски фудбалер, на Сан Диего.
Биографија Томас Анхел е син на поранешниот фудбалер Хуан Пабло Анхел. Роден е на 20 февруари 2003 година во Бирмингем, додека неговиот татко настапувал во Англија за Астон Вила. Томас ја наследил својата страст за фудбалот од својот татко кого го придружувал на тренинзите додека тој играл за Њујорк Ред Булс.
Тој има двајца браќа: Херонимо, кој е музичар, актер и модел, и Пасквал кој е исто така фудбалер.
Клупска кариера Почетоци Анхел живеел во САД до десетгодишна возраст, пред да се пресели во Колумбија во 2013 година, продолжувајќи да игра фудбал во академијата на Атлетико Насионал, поранешниот клуб на неговиот татко. Потоа, тој се преселил во Клуб Депортиво Естудијантил, каде што играл под менторство на тренерот Алехандро Рестрепо и редовно бил на врвот на нивните голгетерски листи за време на неговиот напредок низ академијата.
Атлетико Насионал На почетокот на 2020 година, Анхел се вратил во Атлетико Насионал, каде што, по добрите настапи за тимот под 17 години, бил поканет да тренира со првиот тим.
Тој го потпишал својот прв договор со клубот во јануари 2021 година, пред да го направи своето деби истиот месец, влегувајќи како замена во второто полувреме за Андрес Андраде во победата со 5–2 над Депортиво Переира во првенството. Два месеци подоцна, на 7 март, тој го постигнал својот прв гол за клубот во ремито 1–1 со Агилас Дорадас; набргу по стартот на натпреварот, Анхел ја примил топката од соиграчот Џеферсон Дуке, пред да го избегне стартот и да ја смести топката покрај голманот на Агилас Карлос Бехарано од работ на шеснаесеттникот. Сепак, набргу потоа по заминувањето на тренерот кој му дал можност да дебитира, Алешандре Гимараеш во јуни 2021 година, поранешниот тренер на Анхел во Естудијантил, Алехандро Рестрепо, бил назначен за тренер. И покрај тоа што Рестрепо многу ретко го користел Анхел во првиот тим, младиот напаѓач рекол дека ги почитува одлуките на Рестрепо и дека е подготвен да игра кога ќе му се укаже шанса.
Следната сезона 2022, била тешка за него забележувајќи само 4 настапи под водството на 4 различни тренери. Сепак, последниот од тие четири тренери бразилецот Пауло Аутуори, му укажал можност повторно на Анхел на почеткот на 2023 година, а напаѓачот вратил со 5 гола во Торнео Апертура 2023, по што бил поврзуван со преселба во шпанскиот клуб Барселона. На 16 февруари 2023 година, Анхел влегол од клупата за да постигне два гола и да забележи една асистенција со кој го освел Атлетико Насионал до победата од 4-3 над Депортиво Переира и до освојувањето на Суперлигата на Колумбија 2023. Сепак, откако Аутори го напуштил клубот, неговата замена, Вилијам Амарал, го избрал играчот од младинскиот погон Џејдер Асприља за свој главен напаѓач за Торнео Финалисасион 2023, пред Анхел.
ФК Лос Анџелес и заемот во Финикс Рајзинг На 31 јануари 2024 година, Анхел му се приклучил на американскиот клуб ФК Лос Анџелес во МЛС лигата. Дебитирал за Лос Анџелес на 2 март 2024, заменувајќи го од клупата Матеуш Богуш, во поразот со 3-0 на гостувањето кај . Својот прв гол за клубот го постигнал на 22 мај 2024, во победата со 3-0 над Лудун Јунајтед во Купот на САД. Неговиот прв гол во МЛС дошол на 22 јуни 2024 година, во победата со 6–2 над .
На 2 август 2024 година, Анхел бил позајмен на Финикс Рајзинг во УСЛ првенството за остатокот од сезоната 2024. Дебитирал два дена подоцна, играјќи како стартер во поразот со 2-0 од Колорадо Спрингс, а првиот гол го постигнал од пенал на 7 септември 2024, во победата со 1-0 на домашен терен на Тулса. Појзајмицата во Финикс Рајзинг ја завршил со 15 настапи и 3 гола во УСЛ.
Сан Диего На 9 декември 2024 година, Анхел бил разменет во новоформираниот клуб Сан Диего во замена за 200.000 американски долари, при што за парите Сан Диего добиле и право на избор во втората рунда на МЛС Супердрафтот 2025 година. Дебитирал за Сан Диего на 23 февруари 2025, во првиот историски натпревар на клубот во МЛС против актуелните шампиони , влегувајќи како замена во 88-мата минута на местото на Ирвинг Лосано и асистирајќи неколку минути подоцна за вториот гол на Андерс Дрејер за победата со 2-0.
Репрезентативна кариера Анхел дебитирал за колумбијската репрезентација под 20 години во 2021 година. Иако од тогаш редовно бил повикуван, тој изненадувачки бил изоставен од списокот за Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години, а селекторот Ектор Карденас изјавил дека тој имал проблеми со коегзистирањето со другите членови на тимот. Во интервју за Каракол Радио, Анхел одговорил, велејќи дека тврдењето на Карденас е „лага“, и дека тој и неговите соиграчи се „почитуваат многу еден со друг“. И покрај несогласувањата, на 9 мај 2023 година, тој бил вклучен од Карденас во списокот на играчи повикани да учествуваат на Светско првенство за играчи под 20 години во Аргентина.
Анхел дебитирал како доцна замена во воведната победа на Колумбија со 2–1 против Израел. Во следниот натпревар против Јапонија, тој влегол на полувремето место Хорхе Кабесас Уртадо и и помогнал на Колумбија да ја надмине негативата од 1–0 за да победи со 2–1, постигнувајќи го вториот гол откако Јасер Асприља претходно го израмнил резултатот. Во осминафиналето против Словачка, Анхел постигнал два гола во победата на Колумбија со 5–1.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 31 јануари 2024. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2021 Атлетико Насионал А 12 1 КК 3 0 КЛ 0 0 - - 15 1 2022 А 4 0 КК 1 0 КЛ 0 0 - - 5 0 2023 А 24 5 КК 3 0 КЛ 4 0 СЛ 1 2 32 7Вкупно Атлетико Насионал 40 6 7 0 4 0 1 2 52 8 2024 МЛС 5 1 УСКуп 2 1 - - КЛ 0 0 7 2 авг. - дек. 2024 Финикс Рајзинг УСЛ 15 3 УСКуп - - - - - - - 15 3 2025 МЛС 3 0 УСКуп 0 0 - - - - - 3 0Вкупно во кариерата 63 10 9 1 4 0 1 2 77 13
Титули Атлетико Насионал Колумбиско првенство : 1 Апертура 2022 Куп на Колумбија : 2 2021, 2023 Суперлига на Колумбија : 1 2023
Наводи
Надворешни врски
Томас Анхел на soccerway Томас Анхел на transfermarkt Томас Анхел на espn Томас Анхел на whoscored
Категорија:Колумбиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Насионал Категорија:Фудбалери на ФК Лос Анџелес Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2003 година