Срам (на норвешки: Skam; стилизирано како SKAM) е норвешка телевизиска драма за секојдневниот живот на тинејџерите во училиштето Хартвиг Нисен, гимназија во богатиот кварт Фрогнер во Вест Енд Осло и најстарото средно училиште за девојки во Норвешка. Продуцирана е од НРК П3, кој е дел од норвешкиот радиодифузен сервис НРК.
И покрај тоа што серијата немала промоција пред лансирањето во 2015 година, Срам соборила рекорди на гледаност. Нејзината премиерна епизода е меѓу најгледаните епизоди во историјата на NRK, а до средината на втората сезона, таа била одговорна за половина од публиката на NRK. Со третата сезона, ги соборила сите стриминг рекорди во Норвешка, заедно со рекордите на гледаност во соседните земји Данска, Финска и Шведска, и привлекла активна меѓународна база на обожаватели на социјалните мрежи, каде што обожавателите ги промовирале преводите.
Премиса Срам следи различен главен лик секоја сезона и се фокусира на различна тема. Додека се емитуваше, на почетокот од неделата, нов клип, разговор или објава на социјалните мрежи се објавуваше на веб-страницата Skam. Секојдневно се објавуваше нов материјал, а содржината е потоа обединета и комбинирана во една целосна епизода во петок. Главниот лик се разликува од сезона до сезона, и измислените ликови имаат профили на социјалните мрежи каде што гледачите можат да ги следат нивните активности. Серијата овозможува јавна интеракција во текот на траењето на епизодата. Форматот оттогаш се искористил и во други серии на NRK P3, вклучувајќи ги Blank и Lovleg.
Прием
Норвешка и нордиските земји Срам бил признат за неговиот придонес при промовирањето на норвешкиот јазик и култура и за поттикнување на афинитетот меѓу нордиските земји. Во декември 2016 година, Нордиското здружение ја додели на Skam годишната награда за нордиски јазик поради неговата способност да ангажира млада нордиска публика, поврзувајќи ги младите луѓе низ нордискиот регион и поттикнувајќи позитивни ставови за соседните јазици на регионот. Во април 2017 година, Срам и креаторка на серијата, Џули Андем ја добиле наградата „Пер Гинт“, награда која се доделува на личност или институција која има позитивно влијание врз општеството и која ја направила Норвешка позната во странство. Серијата исто така, довела до популаризација на зборот , што било забележано од Норвешкиот јазичен совет во 2016 година кога бил избран за еден од зборовите на годината.
Во февруари 2018 година, принцот Вилијам и неговата сопруга Катерина, членови на британското кралско семејство, го посетиле училиштето Хартвиг Нисен за да се сретнат со актерската екипа и да дознаат повеќе за Срам, за влијанието на серијата врз животите на актерите и да разговараат за младите и менталното здравје.
Меѓународен успех Почнувајќи од третата сезона, серијата привлекла меѓународна публика и од NRK било побарано да додаде англиски преводи на епизодите на Срам онлајн. Барањата биле одбиени поради тоа што лиценцата за музиката користена во текот на серијата била ограничена на норвешката публика и бидејќи лесната достапност надвор од Норвешка би ги прекршила условите од договорите за лиценца на NRK. Адвокатот на NRK образложил дека видеата на YouTube со повеќе од 50% оригинална содржина на Skam ќе бидат автоматски отстранети. Кога не им бил дозволен официјален превод, обожавателите почнале да прават свои преводи на епизодите на неколку светски јазици, со што значително ја прошириле базата на обожаватели на интернет. Норвешките гледачи брзо споделувале преведени клипови преку Google Drive, а исто така започнале блогови за покривање на дополнителни материјали и јазични курсеви за објаснување на норвешкиот сленг.
Серијата добила значително внимание од меѓународните медиумски публикации поради својот уникатен модел на дистрибуција на информации засновани на исечоци во реално време.
Во декември 2017 година, Tumblr ја објави својата листа на најпопуларни емисии на годината на својата платформа, при што Срам беше на врвот на табелата како број еден, надминувајќи ги многу успешните американски серии, како што се Игра на тронови, Почудни нешта и Живи мртовци.
Академија СРАМ е предмет на бројни академски студии. Вилда Шанке Сундет тврди дека емитувањето во реално време на емисиите како СРАМ им помага на радиодифузерите повторно да се поврзат со помладата публика, и ги има испитано мотивите на гледачите за ангажирање со заедницата онлајн. Други научници, како што се Торе Рај Андерсен и Сара Тандерап Линкис, го анализираат наративниот ефект на она што Рут Пејџ го нарекува „раскажување во реално време“, додека Џил Вокер Ретберг ја анализираше употребата на наративот на социјалните медиуми за вклучување на гледачот во „ние-наратив“, колективна раскажување што ја нагласува групата над поединецот.
Адаптации Во декември 2016 година, продукциската компанија XIX Entertainment на Сајмон Фулер потпиша договор со NRK за производство на американска верзија на серијата, тогаш насловена Shame. Развојот на серијата продолжила во следните месеци, со промена на насловот во SKAM Austin, повици за кастинг, и најава дека SKAM Austin ќе се емитува на оригиналната видео платформа на Фејсбук „Facebook Watch“ и на мрежата на оригиналот, NRK. Премиерата била во април 2018 година и била обновена за втора сезона.
Во април 2017 година, данскиот театар Aveny-T се здобил со ексклузивни права за производство на сценска верзија на Срам. Биле направени четири различни изведби, по една за секоја сезона, при што првото шоу се одржа во Копенхаген на 15 септември 2017 година,, а останатите три изведби се продуцирале еднаш годишно до 2020 година.
Во септември 2017 година, француската веб-страница AlloCiné објави за претстојната креација на француски римејк на серијата.
Во октомври 2017 година, Variety и The Hollywood Reporter објавиле дека локалните адаптации на Срам ќе бидат произведени во пет европски земји; Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија. Извршниот директор на NRK, Тор Ѓермунд Ериксен, рече во изјавата дека „Ние сме многу возбудени поради огромниот интерес што Skam/Shame го генерира надвор од Норвешка. Креаторите на Срам имале за цел да им помогнат на 16-годишните девојчиња да ја зајакнат својата самодоверба преку демонтирање на табуата, правејќи ги свесни за нивните интерперсонални механизми и покажувјќи им ги бенефитите од справувањето со нивните стравови. Ова е визија што сме горди да ја донесеме во други земји“. Variety забележува дека од секое локално производство ќе се бара да направи свое локално истражување за дилемите и соништата на своите тинејџери, наместо да ја копира оригиналната норвешка продукција.
Во октомври 2018 година, Белгија почнала да емитува своја сопствена адаптација.
На 3 април 2019 година, едукативниот шведски радиодифузен канал UR започна со емитување на првите сезони на Druck (како Skam Deutschland), Skam España и Skam France.
Во април 2024 г. бил најавен хрватски римејк, што ја означи првата источноевропска адаптација на серијата. Премиерата на првата сезона била на 27 октомври 2024 година.
Наводи
Надворешни врски
Official series archive
Категорија:Статии со извори на норвешки (no) Категорија:Норвешки телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на норвешки јазик Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2015 година