мини|Бунар со ѕид и подиум во форма на вреќа со цвеќиња на кампусот на колеџот Паднекад, Керала, Индија Бунарџиски занает е традиционален занает на ископи на бунари за питка вода. Со овој занает се занимавале искусни бунарџии. Денес, наоѓањето вода главно го вршат геолози, додека дупчењето и копањето се врши со специјални машини. Науката која се занимава со изворите на вода се нарекува хидрогеологија.
За занаетот
Бунарџиите покрај копањето бунари, имале и соодветно знаење кое многу се ценело и вреднувало и за наоѓање место за копање бунар. Поточно, наоѓање извор на вода на најмалата можна длабочина. Ова барало бунарџиско искуство, како и знаењето за ракување со специјален прстен или прачки што се користеле за лоцирање на изворот со вода.
Покрај копањето, копачот на бунарот, бунарџијата ја обложувал и внатрешноста на бунарот со камен или тула за да не се урне бунарот и да не се заматува водата.
Начин на копање на бунар До местото каде што ќе се гради бунарот, мајсторот бунарџијабунарџија Дигитален речник на македонскиот јазик ја носел својата опрема: ногарки, направени од три столбови долги 2,5 до 3 метри, поврзани на врвот со железен клин и полупрстен, а на 80 см од земјата, на подлогите биле прикачени два столба за дрвен валјак со рачки, столб долг околу 9 метри, јаже (дебело јаже) долго околу 15 метри,челични сајли, чекрак, метална кофа од 50 литри, лопата со скратена рачка (до 60 см) и копачи и лопати. Мајсторите бунарџии потоа го означуваат местото за копање на идниот бунар, користејќи клинци и јажиња за да нацртаат круг на земјата со дијаметар од 120 см. Подоцна, кога ќе ги поставуваат камењата, ќе се добие отвор за бунар со пречник од околу 80 см.
Следува натамошно копање на бунарот до длабочина од 2 метри, исфрлање на земјата, а потоа го поставување на дрвениот ваљак со челичната сајла, а над дупката поставувале кофа. Кога ќе стасале до 2 метри длабочина ставале дрвен прстен за да се продолжи со ископот и да не падне земјата да го затрупа бунарот. Бунарџијата кога ќе ја наполнел кофата со ископаната земја, помошните работници ја извлекувале и ја испразнувале со вртење на рачките на валјакот и намотување на челичната сајла. Така тие го копале се додека мајсторот бунарџија не ја „почувствува“ водата.
Ако со копањето на бунарот би отишло предалеку и би излегла вода, работата би била уништена, бидејќи дупката не може да се изѕида со камен. Кога копачот на бунарот ќе ја почувствувал вода, на дното на бунарот ставал претходно подготвена решетка од штици и врз неа ѕидал ѕидови со камен или тула и силен цементен малтер, а внатрешниот дел од ѕидот бил висок 2 метри. Бунарот потоа се редел со камења или тула и секој ред бил посипуван со малку земја за да се прицврстат камењата или тулите. На тој начин ѕидот би бил изграден до површината. На крајот биле поставувани ѓерани за да можат сопствениците да црпат вода со кофи од бунарите.
Покрај копањето и градењето бунари, бунарџијата извршувал и работи за одржување на бунарот. Често се случувало земјата да се урне и водата во бунарот да стане матна и жолта. Тогаш бунарџијата и неговите помошници го чистеле бунарот и го подзидувале со камен.
Материјали и алати за копање на бунари
Во минатото копањето на бунари било исклучиво рачно со обичен градежен алат како што се: мотика, казма, лопата, кофа, ортоми, челични сајли, камен, тули, штици и слично.
Поврзано Ѓеран Бунар Момин бунар
Наводи
Надворешни врски Легенда за мистериозен бунар во Англија
Категорија:Занаети