Маре Попилиева Даскалова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Во времето на окупацијата живеела во Скопје. Од есента 1941 година се до јуни 1942 година во нејзиниот дом, Градскиот одбор за народна помош одржувал редовни состаноци, а таа чувала стража. Во нејзиниот дом се чувале разни материјали наменети за партизанските одреди и се грижела за нивното транспортирање. Носела храна на политичките затвореници во Идризово. Повремено била користена како курир на релацијата Скопје - Кавадарци и обратно.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ