Јаспер Лофелсенд (роден на 10 септември 1997, во Келн) — германски фудбалер, или од средниот ред на Сан Диего.

Клупска кариера Лефелсенд играл за неколку различни клубови на младинско ниво како Бергиш Гладбах, Унион Ресрат и Херкенрат 09. Својата сениорска кариера ја започнал во 2016 година со екипата на Херкенрат 09, а потоа тој имал кратки периоди во уште неколку нисколигашки клубови во Германија како Штрален, Бонер, Хенеф 05 и Вегберг-Бек, настапувајќи во Регионалната лига - Запад и Мителрхајнлига. По потпишувањето со Вегберг-Бек во јули 2020 година, Лефелсенд и клубот го раскинале неговиот договор за да може тој да ја прифати стипендијата за играње колеџ фудбал во САД.

Додека студирал на Унивезитетот во Питсбург, тој две години играл фудбал за Питсбург Пантерс.

На 11 јануари 2022 година, Лефелсенд бил избран како 81-ви пик на МЛС Супердрафтот 2022 од Реал Солт Лејк. На 22 февруари 2022 година, тој потпишал со МЛС Некст Про клубот на Солт Лејк, Реал Монаркс. Сепак, на 27 февруари 2022 година, Лефелсенд потпишал едногодишен договор со првиот тим на Реал Солт Лејк. Своето деби во МЛС со клубот го направил истиот ден, појавувајќи се како замена во судиското продолжение од натпреварот против Хјустон Дајнамо кој завршил нерешено 0-0. Првиот гол го постигнал на 31 јули во ремито 2-2 против .

На 10 јануари 2024 година, Лефелсенд потпишал за ,<ref name="coloradorapids" за кој одиграл 18 натпревари во МЛС 2024.

На 11 декември 2024 година, Лефелсенд му се приклучил на новиот член во МЛС лигата, Сан Диего.https://www.sandiegofc.com/news/san-diego-fc-selects-five-players-makes-two-trades-in-2024-mls-expansion-draft

Наводи

Надворешни врски

Јаспер Лефелсенд на soccerway Јаспер Лефелсенд на transfermarkt Јаспер Лефелсенд на espn Јаспер Лефелсенд на whoscored

Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Реал Солт Лејк Категорија:Фудбалери на ФК Колорадо Рапидс Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година