Цена Орданова Деспотоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Иако малолетна веќе во мај 1941 година била примена за член на СКОЈ. Собирала народна помош, оружје, лекови, муниција, пари и друго. Вршела агитација и растурала илегален материјал меѓу младината, раководела со една СКОЈ група. Во мај 1944 година поради провала била фатена и затворена. По еден месец заедно со уште 18 другари била интернирана во логорoт „Свети Кирик“, Асеновградско, Бугарија. Во логорот останала до расформирањето на истиот (август 1944 година). По враќањето во Прилеп се поврзала со СКОЈ организацијата. Станала член на монополското скоевско раководство, претседател на работничката младина на Прилеп и член на Месннот синдикален совет. Во март 1945 година заминала на доброволна работа во Војводина.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Македонци во логорот Свети Кирик