мини|341x341пкс|Вјеличка - рудник за сол мини|Рудник за сол Вјеличка - Камер Кајзер Франц, 1886 година мини|Сликата на рудникот за сол Виличка и градот Виличка - графика на Вилхелм Хондиус од 1645 година Рудникот за сол Вјеличка - рудник за камена сол во Вјеличка во близина на Краков. Од 13 век до 1772 година, заедно со рудникот за сол Бохнија, бил дел од Краковските жупи (полска компанија за ископување сол). Солта која се ископува во рудникот потекнува од миоценот.
Во 1976 година рудникот бил впишан во националниот регистар на споменици. Две години подоцна бил додаден на првата листа на светско наследство на УНЕСКО. Во 1989 година, рудникот за сол Вјеличка бил додаден на листата на светско наследство во опасност, од која бил отстранет во 1998 година. Од 1994 година исто така се наоѓа на листата на историски споменици на Полска. На 30 јуни 1996 година, целосно била прекината експлоатацијата на рудникот. Рудникот за сол Вјеличка во 2007 година на сенародното гласање на „Жечпосполита“ бил одбран како едно од седумте чуда на Полска, освојувајќи најголем број гласови.
Во сопственост на рудникот Вјеличка се вбројува и бушотината „Барич“, која функционирала во периодот на 1924–1998 година. Подоцна е затворена, а на нејзино место се наоѓа депонијата за комунален отпад.
Во периодот на 2005-2011 година, бројот на туристички посети во рудникот, е на ниво, проближно еден милион туристи годишно. Од 2009 година, подземјето на Вјеличка бележи постојано зголемување на бројот на посетители, од година во година. Во период од една деценија, посетата на туристи од 981 илјади е зголемен за 90%. Во историјата на туризмот на рудникот, 2019 година останува рекордна со 1,9 милиони туристи.
За жал, оваа брзо растечка статистика била прекината од пандемијата КОВИД-19. Нивото на туристички посети паднало до раните 1990-ти (приближно 440.000 посетители). Во следните години, има постепено зголемување на туристичкото движење, при што рудникот бил посетен главно од домашни туристи во периодот 2020-2022 година. Трендот се променил во следната година, кога се забележани вкупно 1,52 милиони посетители, од кои странските туристи учествуваа со 57%. Странските посетителите во 2023 година главно доаѓале од Европа (Велика Британија 220,4 илјади, Чешка и Франција по 58,5 илјади, Италија 54,4 илјади). Во септември 2023 година, 50-милионитиот турист го преминал прагот на рудникот за сол (според статистиката што се води од крајот на Втората светска војна).
Во септември 2012 година била отворена втората патека во рудникот за сол Вјеличка – Рударската рута. Во текот на седум години, Рударската рута ја посетиле 217,5 илјади туристи. Поради пандемијата КОВИД-19, оваа патека била затворена во март 2020 година и повторно отворена 3 години подоцна во април 2023 година. Во првите девет месеци од 2023 година, рутата ја посетиле 22,3 илјади туристи.
Кон крајот на 2014 година во близина на рудникот била изградена кула за градација. Дрвена констукција, која се користи во производството на сол. Со употреба на гранки од трнинка, од солениот раствор се отстранува водата, низ процес на испарување, кој ја зголемува концентрација на минерални соли. Во 2019 година оваа кула за градација на Вјеличка ја посетиле рекордни 234,3 илјади туристи. Туристичките посети на кулата постепено се зголемувале, а во 2023 година бележи пораст од 66% споредено со перидот пред пандемијата.
Геологија Рудникот за сол Вјеличка се наоѓа во западниот дел на наоѓалиштата на сол во под Карпатите, чија старост се проценува на приближно 14 милиони години. Овие наоѓалишта се формирале во миоценот, за време на исчезнувањето на морето Паратетис, кое станало затворено море со висок степен на соленост. Затворањето на ова море било предизвикано од разладувањето на климата пред 14 милиони години. Тоа предизвикало создавање на ледници, кои пак го намалиле нивото на океаните за околу 40-50 метри. Паратетис подоцна бил поврзан со океаните преку Средоземното Море преку теснец во областа на денешна Словенија, помеѓу Алпите и Динарските Алпи. Спуштањето на нивото на морето и тектонските движења предизвикале отцепување на Паратетис. Во ова море се случила Баденската криза, слична на подоцнежната Месинска криза во Средоземното море.
Топлата клима и постојаното спуштање на морското дно (што довело до формирањето на Карпатите ) создавале поволни услови за седиментација. Најгустото солило истекувало во длабочините, каде почнало да се таложи како сол, а подоцна и калциум сулфати, главно во подножјето на Катрпатите. Во јужниот дел на базенот се формирале тврди наслаги, додека во северниот и централниот дел се формирале напластени наноси. Времетраењето на процесот на седиментација се проценува на 15-20 илјади години, а потоа следел процесот на полнење на резервоарот со глинени и калливи слоеви. За време на последните орогени движења на Карпатите, дошло до преклопување на овие наноси и наслаги. Рудникот на сол во Вјеличка е со размери околу 10 км должина, 600–1500 м ширина и од неколку до околу 400 м длабочина
Оперативна историја мини|Историскo вратило на Рударското окно Горско (2008)|286x286пкс мини|Врвот на рударското вратило Војвода Рудолф (2016)|283x283пкс мини|Рударско вратило Регис(2016)|285x285пкс Почетоците на пронаоѓање на сол во Вјеличка се поврзани со експлоатација на „солени извори“, односно извори на солена вода во оваа област. Ваквиот раствор бил собиран и прочистуван, а подоцна доведен до вриење. Почетоците на експлоатацијата датираат од ерата на средниот неолит (3.000 п.н.е.). Ова е документирано со бројни археолошки наоди од истражувања спроведени по Втората светска војна. Поголемиот дел од откритијата биле заслуга на научните работници и истражувачите од музејот на Краковските Жупи Откриени биле праисториски инсталации за испарување на солена вода. На големи огништа биле поставувани десетина глинени садови, издолжени на оган, во кои имало природно солена вода. Процесот на загревање овозможувал да се добие прво густ раствор, а со текот на времето цврста маса со висока содржина сол за јадење (NaCl).
Експлоатацијата на изворите на солена вода траелa 3-4 милениуми, сè додека не престанале природните, обилни извори. На преминот од 12 и 13 век, започнало дупчењето на подлабоките бунари. Првата јама што овозможувала ископување на камена сол била во Бохнија, лоцирана источно од Вјеличка. Наскоро и во Вјеличка биле откриени наслаги на сол, кои не биле многу длабоко. Бунарите ги претвориле во јами, т.е. вертикални ископи со можност за хоризонтално движење со галерии.
Се издвојуваат најмалку три типа на камена сол:
зелена сол - непроѕирна поради измешаност со глина (6-7%), бронзена сол - кристална, но измешана со песок, брза сол – најквалитетна, проѕирна, во големи кристали.
Во периодот 70тите од 19 век се сметал за најпродуктивен рудник за сол во светот. Во тоа време биле ископани до 500.000 тони сол, по цена од околу 20 фиорини (официјална монета на Австрија) по тон. Според извештаите на новинарот на Сајентифик Американ, рудникот имал седум нивоа, достигнувајќи длабочина од 240 до 300 метри. Заработката изнесувала помеѓу 30 крајцери до 1 фиорини дневно. Вработените со задоволство прифаќале "бакшиш" од посетителите. Во тоа време во рудникот работеле околу 500 коњи, најчесто доживотно.
Грижа за рударите мини|Унгарски коњски мотор Во 1289 година, војводата Хенрик IV Пробус наредил да се изгради бања во Вјеличка, која исто така служела како работно место за медицински работници кои нуделе едноставни хируршки зафати, како и помош на жртвите од несреќи или вдовиците и сираците на рударите. Во 1363 година, кралот Казимир III Велики основал болница во рудникот со која управувале калуѓери од манастрирот на Св. Дух. Во 1697 година, позицијата на управител на медицинската служба за прв пат во Полска ја зазела жена, Магдалена Бенџиславска.
Карактеристики на рудникот мини|Кулата дигалка на окното Кошќушко (2008)|255x255пкс Рудникот Вјеличка има девет нивоа, од кои првото – нивото Боно – достигнува до длабочина од 64 метри, додека последното се наоѓа на 327 метри под површината. Вкупната должина на тунелите што поврзуваат приближно 3.000 рударски работни простории (галерии, рампи, експлоатациони комори, езера, јами и мали јами) надминува 300 километри. Волуменот на ископувачкиот комплекс е прибллижно 7,5 милиони м³.
Рудникот се карактеризира со уникатна микроклима, која покрај високата влажност и концентрација на натриум хлорид, има и константна температура (приближно 14–16 °C ), соодветен притисок, јонизација и висока содржина калиум, магнезиум и калциум во воздухот. Поволна е за третмани за рехабилитација за лица со болести на горниот респираторен тракт, кои се извршуваат на длабочина од 135 метри, во комората на езерото Весел.
Туристичка рута Подземната туристичка рута на рудникот Вјеличка е создадена на преминот од 18 и 19 век. Околу еден милион туристи, секоја година го посетуваат рудникот. Рутата е долга околу 3 км, составена од 20 комори, лоцирани на длабочини помеѓу 64 и 135 метри (нивоа I – III). На оваа рута треба да се поминат приближно 800 скали. Дел од патеката е достапна за инвалидска количка. Турата трае приближно 2-3 часа. На официјалната веб-страница на оваа туристичка атракција, може да се направи виртуелна обиколка на објектот.мини|Скулптура на Свети Јан Непомуц (Комора Јозеф Пилсудски) Комора на Никола Коперник Оваа комората била создадена пред 1785 година благодарение на експлоатацијата на грутки зелена сол. Во неа се наоѓа скулптура од сол, која го прикажува Никола Коперник, кој најверојатно бил гостин во рудникот Вјеличка. Ова дело е создадено од Владислав Хапек во 1973 година, во чест на 500-годишнината од раѓањето на астрономот.
Комората Јановице мини|Комората Јановице|237x237пкс Оваа комора била изградена во 17 век. Денес во неа има претставено група на фигури кои ја илустрираат полската легенда за потеклото на рудникот за сол во близина на Краков. Камената сол во Вјеличка почнала да се ископува на крајот на 13 век за време на владеењето на принцот Болеслав V Срамежливиот и неговата сопруга Света Кинга, принцезата на Унгарија. Според легендата, принцезата Кинга пред да пристигне од Унгарија во Краков, главниот град на Полска, таа сакала да и подари на својата нова татковина специјален подарок. Откако дознала дека во Полска не се ископува камена сол, таа го замолила својот татко, кралот Бела IV, дали може за им подари еден од унгарските рудници за сол. Кралот го исполнил барањето на неговата ќерка.
Комора Силек Во оваа комора се наоѓа колекција на реконструирани уреди кои се користеле за хоризонтален транспорт на сол, кои меѓудругото биле: количка наречена Унгарско куче или санки наречени шлафи.мини|„Тајната вечера“, изработена од рударот-уметник Антони Вајродек, релјеф|225x225пкс Комората на Казимир III Велики Комората своето име го добила според кралот Казимир III Велики, авторот на статутот на Рудниците за сол во Краков. Името на комората е дадено во 1968 година на шестотгодишнината од издавањето на статутот. Истата година рударот-скулптор Владислав Хапек во карпа од сол направил биста на кралот. Овде исто така може да се види направа од саксонски тип, наречена коњски мотор, оригинална машина од 18 век која се користи за вертикален транспорт.
Јамата на Кунегунда Јамата е создадена најверојатно во 1829 година и ја поврзува Комората на Казимир III Велики со горното ниво II. Во неа може да се видат бројни форми на секундарна кристализација на сол: сталактити и сталагмити. Има и бројни фигури на џуџиња кои треба да презентираат разни положби на рударите за време на работата во рудникот.
Капелата Св. Кинга мини|Капелата Св. Кинга|226x226пкс