Партнер (изворно на латиница: Partner) ― поранешна македонска марка на цигари, која била во сопственост и произведувана од Македонија табак.
Историја Брендот бил основан по завршувањето на Втората светска војна и го произведувало претпријатието „Македонија Табак“, во НР/СР Република Македонија. Тој бил еден од ретките југословенски брендови што биле продавани надвор од Југославија, во Советскиот Сојуз, Полска, Финска и Јапонија. Иако Партнер не бил толку познат или популарен како Дрина, Јадран или Ловќен, сепак добро бил продаван во Македонија и, во помала мера, во НР/СР Србија. Меѓутоа, за време на распадот на Југославија, претпријатието настрадало и на крајот брендот престанал да постои, неколку години откако Македонија станала независна земја. Поради фактот што овој бренд изгледал и звучел туѓо во споредба со сличните брендови што биле продавани во Југославија, тој секогаш бил сметан за „чуден“ и „странски“ бренд на пазарот.
Пакување Опаковката била со бело-сина шема, со два коња кои држат грб со два симболи слични на цвет. Долу, зборовите „Partner filter“ биле пишувани со бело, опкружени со црвен транспарент. Над и под него со бели букви биле испишани зборовите „king size“ и „20 cigarettes“.
Пазари Партнер главно бил продаван во Народна/Социјалистичка Република Македонија, но и низ Социјалистичка Федеративна Република Југославија (а по распадот на Југославија, бил продаван неколку години во независна Македонија, Србија и Хрватска), како и во Полска, Унгарија, Латвија, Литванија, Русија.
Поврзано
Пушење тутун Дрина (цигара) Елита (цигара) Филтер 57 (цигара) Јадран (цигара) Лајка (цигара) Ловќен (цигара) Морава (цигара) Смарт (цигара) Тајм (цигара) Собрание (цигара) Џин Линг LD (цигара) Волтер Волф (цигара)
Наводи
Категорија:Марки на цигари Категорија:Македонски марки Категорија:Југословенски марки Категорија:Тутунот во Македонија Категорија:Тутунот во Југославија