мини|Источните земји на Јагелонската империја во 15 век (вклучувајќи ја литванско-московската граница) Јагелонците биле гранка на династијата Гедиминиди. Нивниот почеток потекнува од Владислав II Јагело, великиот војвода на Литванија и крал на Полска. Нејзините претставници владееле со Полска во периодот од 1386 до 1572 година, со Големото Кнежество Литванија во 1377–1401 и 1440–1572, со Бохемија во 1471–1526 година и со Кралство Унгарија и Кралство Хрватска во 1440–1444 како и 1490-1526 година.
Основач на династијата бил големиот литвански принц Јагело, кој во Полска владеел како Владислав II Јагело. Тој во договорот склучен во Крево (Кревски Сојуз) на 14 август 1385 година, се обврзал да се ожени со престолонаследникот на Кралството Полска, Јадвига Анжујска и да се покрсти, заедно со своите браќа, со што настапила христијанизацијата на Литванија. Додека владеел во Полска, тој ја зајакнувал својата позиција со постојано решавање на судски и внатрешни спорови за време на неговите бројни турнеи низ кралството, како и со тоа што довело до обновување на Црвена Русија во 1387 година и пораз на трупите на Тевтонскиот ред во Битката кај Грунвалд во 1410 година. Во исто време ја зајакнал и Литванија со наметнување примирје на Големото Московско Кнежество, во негова полза а потпишано на реката Угра во 1408 година, консолидирајќи ја литванската доминација над рутенските кнежевства и Велики Новгород, и со склучување на Сојуз на Хородло на 2 октомври 1413 година, со што ги изедначил правата на Полска и Ливанија. По смрт на Јадвига Анжујска, која не оставила потомство, Владислав II преземал дејствија за да обезбеди наследство на тронот за своите синови, родени од страна на неговата четврта сопруга Сонка Холзањска. Доделувајќи им на благородниците кралските овластувања, кои биле разочарани од неефикасната политика кон Тевтонските витези и имале ограничено учество во власта. По смртта на Владислав II Јагело во 1434 година и неговиот постар син Владислав III во 1444 година, помладиот син Казимир IV Јагелонски успеал да се позиционира како крал на Полска во 1447 година и да ја припо Померанија кон Полска на 6 април 1454 година. Неговиот првороден син, роден од Елизабета Хабсбуршка, Владислав Јагелонски по долги граѓански војни ги презел троновите на Кралството Бохемија во 1471 година и на Кралството Унгарија во 1490 година.
Недомаќинските политики на династијата довеле до слабеење на кралската ризница, со што се оневозможило споротиставувањето на зголемената важност на Големото Московско Кнежество и нивниот сојузник Кримското Ханство во втората половина на 15 век. Помладите синови на Казимир IV, Јован I и Александар, кои подоцна владееле со Кралството Полска и Големото Литванско Кнежество, не биле во можност да ја спречат заканата од источните територии на Полска и Литванија. Тие биле принудени да склучат компромиси со полското благородништво, значително зголемувајќи го нивното влијание во Полска. Нивниот најмлад брат Зигмунт I, по доаѓањето на власт во 1506 година, потпишал примирје со Москва на 14 септември 1522 година, во кое се откажал од регионот Смоленск и 1/3 од територијата на Литванија. На 22 јули 1515 година, во Виена, склучил договор со Хабсбурзите со кои им го препуштил наследство според чешко-унгарската јагелонска линија во Унгарија и Бохемија. Во 1525 година во Краков се согласил, на неговиот внук Алберт Хоенцолерн да му го даде Војводство Прусија, што претставувало крај на Монашка држава на Тевтонскиот ред. По изумирањето на унгарската јагелонска линија во 1526 година, Унгарија била поделена меѓу Хабсбурзите и Отоманската Империја, Зигмунт I бил проморан да подпише примирје во 1533 година, признавајќи ја турската власт над Молдавија.
Смртта на последниот владетел од династијата Пијасти од Масовија во 1526 година му овозможило на Зигмунт I да ја вклучи Мазовија кон Полска, а активностите што ги презела неговата втора сопруга Бона Сфорца за враќање на кралските имоти овозможиле делумна обнова на ризницата. Во 1530 година, единствениот син на кралската двојка, Зигмунт II Август, бил крунисан за крал на Полска за време на животот на неговиот татко, но противењето на благородништвото на оваа форма на избор и предноста на магнатите кои имале високи позиции во Полска резултирало со одлука да се има избор за монарх по смртта на кралот. За време на периодот на независното владеење на Зигмунт Август, во конфликт со благородничкото егзекуционистичко движење, правел напори за одржување на религиозниот мир за време на протестантска реформација, со што ги пропоил Курландија и Ливонија кон Јагелонскиот сојуз. Но за сметка на Москва ја загубил областа Полоцк. Во последната деценија од своето владеење, во соработка со благородничкото движење, им одзел дел од имотите на магнатите, но решил да не ги лиши од политичките позиции стекнати во првата половина на XVI век.
Во 1569 година овозмошил склучување на Лублинскиот сојуз, која означувала почеток на Полско-литванска Државна Заедница и анексијата на Украина, Волинија и Подласие кон Кралството Полска. Бидејќи ниту еден од браковите на кралот Зигмунт II, со сестри Елизабета и Катерина, кои потекнувале од династијата Хабсбург, и со Барбара Раџивиловна полска благородничка, не вродиле со престолонаследник, смртта на владетелот означувала крај на династијата Јагелонци. Односно периодот 1572–1575 година, бил наречен Големиот меѓурегнум, временско растојание од престанувањето на една власт до настапувањето на друга.
мини|300x300пкс| Семејно стебло на Јагелонците Периодот на владеење на династијата Јагелонците, означувал и промени во полскиот политички систем. Како резултат на преговори на династичките и кралските привилегии, благородништвото се повеќе заземало одлучувачка улога, а градовите го губеле своето политичко значење. Крајот на јагелонската ера бил одбележан со зголеменото значење на магнатите и недостатокот на институционална регулација на развојот на полскиот парламентаризам.
Траен спомен на науката за време на владеењето на династијата на Јагелонците бил Универзитетот во Краков, обновен од основачот на династијата. Неговите научници, под власта на династијата, учествувале во револуционерните интелектуални дебати во Европа. Универзитетот ја губел својата позиција, заедно и со паѓањето на јагелонската власт. Како резултат на воените неуспеси на Јагелонците, се случиле револуционерни промени во старата полска војска.
Монарсите од династијата Јагелоници значително придонеле за одржување на верскиот мир во Полска за време на реформацијата, прифаќајќи ги ренесансните трендови и воведувајќи го полскиот јазик како официјален јазик. Периодот на владеење на последните двајца јагелонски монарси се смета за златно доба на полската култура.
Големиот меѓурегнум завршил со крунисувањето на сестрата на Зигмунт II, Ана Јагелонска. По смртта на нејзиниот сопруг Стефан I Батори, тронот го презедел внукот од последните Јагелонци, синот на Катерина Јагелонска и кралот на Шведска - Сигизмунд III Васа.
Политичка историја на династијата мини|Кралството Полска и Големото Литваниско Кнежество за време на владеењето на Јагело (1386–1434)
Јагелонскиот сојуз
Престолонаследништво по Пјастите и Анжујците Смртта на последниот крал од династијата Пјаст, Казимир III Велики, во 1370 година, без да остави машки наследник, резултираше – во согласност со договорот склучен за време на животот на монархот – со стапување на полскиот престол на внукот на починатиот крал – моќниот владетел на Унгарија од династијата Анжујци Лајош I Анжујски. Ова не го решило проблемот со наследството на династијата Пјаст, бидејќи кралот Лајош бил болен и немал син наследник. Полските магнати решиле да го поништат тестаментот на Казимир III, кој како наследник го наведувал Казимир IV кнезот од Померанија и започнале преговори за наследување на тронот.
Во 1374 година од страна на кралот во договор со благородниците била издадена Привилегија на Кошице во која тие се согласиле да ја признаат ќерката на Лајош I како наследник на престолот, во замена за гарантирање на територијалниот интегритет на државата, ограничувања на кралските овластувањата и даноците, како и учество во воени експедиции на благородништвото. Ова овозможило натамошна фаза на преговори помеѓу претставниците на благородништвото и кралот заедно со магнатите во врска со наследувањето на тронот, од страна на ќерката на Лајош I и нејзиниот избран сопруг. Сè до неговата смрт во 1382 година, кралот не успеал да го предаде наследството на Анжијците. Непризнавањето на тестаментот на од унгарската страна, како и пристигнувањето на невенчаната помлада ќерка на кралот, Јадвига Анжујска, во Полска во есента 1384 година им овозможило на магнатите од Мала Полска слободно да одлучуваат за раката на младата наследничка на престолот на Кралството, поставувајќи услови за потенциалниот кандидат за нејзин сопруг и иден владетел на Полска.
На крајот, спротивно на мислењето на некои од големополското благородништво, изборот бил совладетелот на Литванија, која била во криза од 1377 година, дваесетгодишниот принц Јагело. Тој бил помладиот син на Големиот војвода Алгирдасд. Во договорот склучен на 14 август 1385 година во Крево, Јагело се обврзал да дојде во Полска, да се покрсти по католички обред и да ги припои териториите на својато литванско владеење кон Кралството Полска.
Полско-литванскиот сојуз left|thumb|Јогајла, подоцна Владислав II Јагело (ок. 1352/1362 – 1 јуни 1434) бил Велик кнез на Литванија (1377–1434), крал на Полска заедно со својата сопруга Јадвига (1386–1399), а потоа и како единствен крал на Полска до својата смрт.
На 4 март 1386 година покрстен како Владислав и крунисан за крал на Полска, Јагело добил значителна моќ и авторитет, што му овозможило целосно да владее со Литванија. На 4 август 1392 година, потчинувајќи го својот амбициозен братучед Витаутас, конечно успеал да ја заврши Граѓанската војна во Литванија. Преобразбата од пагани во католици, им овозможило на литванските магнати сплотување на силите за власт над земјите долж Днепар, населени претежно со православни Русини. Полската воена помош и овозможила на Литванија успешно да ги брани териториите на Аукштатија од Тевтонскиот ред и да потпише компромисен мир на 12 октомври 1398 година . Во исто време, Кралството Полска ја повратило Црвена Рутенија од Унгарија во 1387 година. Создавајќи сојуз бил ставен крај на литванските ограбувачки напади на десниот брег на Висла, што овозможило развој на кралството. Хармоничната соработка меѓу двете земји била нарушена по смртта на Јадвига на 17 јули 1399 година, не оставајќи на Полска природен наследник на тронот.
Владислав II Јагело успеал во преговори со Советот на круната, да изнајде договор кој бил корисен за двете земји, задржувајќи го полскиот трон преку брак со внуката на Казимир III, Ана Цељска.Полска продолжила да обезбедува вооружена помош за Литванија против нејзините последователни непријатели. Литванско-полскиот поход на југоисток, бил поразен од Монголите во август 1399 година. Тоа довело до зголемен притисок врз крајбрежните земји на Литванија од страна на Тевтонскиот ред , но Јагело успеал да ја стабилизира ситуацијата со назначување на Витаутас за Голем војвода на Литванија. Тоа довело до потпишување примирје со Москва на реката Угра во летото 1408 година и постигнување голема победа над Тевтонскиот ред во Битката кај Грунвалд на 15 јули 1410 година. Овие победи ја елиминирале заканата од војна во два фронта за Литванија, привремено правејќи ја независна од полската помош и овозможивајќи склучување Сојуз во Хородло во 1413 година, со што се изедначиле правата на партнерите, но сепак ситуацијата станувале сè посложена поради недостатокот на кандидат за наследник на тронот. Договорот од Мелно склучен во 1422 година ставил крај на Литванско-тевтонските војни.
Воспоставување на династија
Престолонаследништво по Владислав II Јагело