Сепак се врти Фотографија од слика, која еден од нејзините поранешни сопственици му ја припишал на Бартоломе Муриљо, на која е прикажан Галилео како гледа во ѕидот на затворската ќелија на која се појавуваат зборовите „E pur si muove“ (на оваа слика не е целосно читлива) Изворен облик e pur si muove или eppur si muove Припишан на Галилео Галилеј
„Сепак се врти“ или „сепак се движи“ ( или ) — израз што му се припишува на италијанскиот математичар, физичар и филозоф Галилео Галилеј (1564–1642) во 1633 година, откако бил принуден да се откаже од неговите тврдења дека Земјата се врти околу Сонцето, наместо обратното. Во овој контекст, импликацијата на изразот е: и покрај неговото откажување, прогласите на инквизицијата за спротивното, или кое било друго убедување или доктрина на луѓето, Земјата, всушност, се врти (околу Сонцето, а не обратно).
Историја Според Стивен Хокинг, некои историчари веруваат дека оваа епизода можеби се случила при префрлањето на Галилео од домашен притвор под надзор на надбискупот Асканио Пиколомини во „друг дом, во ридовите над Фиренца“. Овој друг дом исто така бил негов, Вилата Ил Џојело, во Арчетри.
Најраниот животопис на Галилео, напишан од неговиот ученик Винченцо Вивиани во 1655–1656 година, не го споменува овој израз, а записите од неговото судење не ја наведуваат. Некои автори велат дека би било неразумно Галилео да рекол такво нешто пред инквизицијата.
Настанот првпат се појавил на англиски јазик во 1757 година во книгата Италијанската библиотека од Џузепе Барети:
Книгата станала широко објавена во Querelles Littéraires во 1761 година.
Во 1911 година, зборовите E pur si muove биле пронајдени на слика која штотуку била купена од собирачот на уметнички дела, Жил ван Бел, од Руселаре, Белгија. Оваа слика е датирана од 1643 или 1645 година (последната бројка е делумно нејасна), во рок од една или две години од смртта на Галилео. Потписот е нејасен, но Ван Бел му го припишува на шпанскиот сликар од XVII век Бартоломе Естебан Муриљо. Изгледа дека сликата покажува дека некоја варијанта на анегдотата Eppur si muove била во оптек веднаш по неговата смрт, кога многумина кои го познавале биле сè уште живи за да го потврдат тоа, и дека кружела повеќе од еден век пред да биде објавена. Сепак, оваа слика, чие место денес е непознато, било откриено дека е речиси истоветна со онаа насликана во 1837 година од Ежен ван Малдегем и, засновајќи ги своите мислења на стилот, многу стручњаци за уметност се сомневаат дека сликата на Ван Бел била насликана од Муриљо, па дури и дека била насликана пред деветнаесеттиот век.
Наводи
Категорија:Астрономски спорови Категорија:Политизација на науката Категорија:Галилео Галилеј Категорија:Урбани легенди Категорија:Италијански изрази