Молерски занает — мајсторски занает со кој се поправа, уредува, украсува, или бои ѕидови,таван, фасада. Молерскиот занает гои врши мајстор (молер) за заштита на: санитарен, хигиенски и естетски третман на која било површина.
Овој занает е многу важен во градежната индустрија и има долга историја, особено добро молерисување е клучно за одржување на изгледот на ентериерот и екстериерот на домовите, куќите, зградите и други објекти. Молерите работат и на реставрација на стари објекти.
Целта на молерисувањето е да се подобри изгледот на ѕидот, таванот или надворешниот дел на зградата за да се заштити од оштетување од вода, корозија, инсекти и мувла.
Во минатото кога куќите биле направени од ќерпич и камен внатрешните ѕидови претежно ги молерисувале со гасена вар.
Молерскиот занает се однесува на уметноста и вештината на молерите во обојување и украсување на ѕидови и тавани, најчесто со бои, лакови или други завршни материјали. Молерските работи вклучуваат и покривање на различни бои за да не се само естетски изглед, туку со тоа и за да се обезбеди заштита од различни влијанија на надворешните влијанија.
Молерисувањето во внатрешноста на просториите се изведува на температура не помала од 10C° и влажност до 70%. Структурите што треба да се завршат мора да имаат влажност до 6%. Композициите за боја треба да е хомогена маса без грутки. Пред да молерисува смесите се мешаат темелно. Молерскиот занает односно молерот работата ја врши механички со помош на различни четки, ваљаци и пиштоли за прскање. Доколку се молерисуваат неколку слоеви, следниот слој се нанесува откако ќе се исуши претходниот.
Молерскиот занает се занимава со груба и фина декорација на ѕидовите и таваните:
Грубата работа се користи за малтерисување на нерамен и неуреден ѕид за покривање на големи неправилности и вдлабнатини. Претходно за оваа работа се користеше обична кал или мешавина од кал и слама, додека сега се користи малтер.
Фино фарбање се однесува на работа каде што неправилностите се помали од три милиметри: измазнување и варосување на малтерисаните површини (нанесување бела или обоена вар) или боење ѕидови со разни бои.
Алати и прибор за молерисување Во молерскиот занает најчесто се користат следниве алатки и прибори: четка (различни видови по облик и големина), валјак (молерски), кофа, шпатула, мистрија, пердашка (израмнувач).
Галерија
Наводи
Категорија:Занаети