Денка Младена Димова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била работничка. Станала член на СКОЈ од 1940 година во Скопје. Нејзината активност се одвивала меѓу работниците во ќилимарата каде работела. Формирала свои групи во „Женската потрошувачка задруга“, каде работела на омасовувањето на женското движење. Во 1941 година станала член на КПЈ. Во август 1942 година е уапсена и интернирана во Бугарија, каде останала до крајот на 1942 година. По враќањето од интернација активно се вклучила на работз во заднината. Во септември 1944 година со група од осум друтарки заминала во единиците на НОВ и ПОМ. По ослободувањето на Скопје била избрана за член на Околискиот комитет на КПМ за Скопско.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ