мини|305x305пкс|Алатка за обработка на дрво од најмалиот етнолошки музеј на светот во с. Џепчиште Бичкаџиски занает — занает за рачно бичкање (сечење) на дрва. Оној што ги бичка дрвата се нарекува бичкаџија. Името бичкиџија потекнува од арх. (турски.bıçkıcı) тој што бичи со бичкија. Овој занает се разликува од столарските занаети по тоа што бичкаџиите само грубо ги сечеле дрвените трупци.Тоа е традиционален занает што се занимава со работа со дрво, како што се изработка на различни штици и граѓа за куќи, покриви дрвени куќи и сл. предмети.

Бичкаџиите, како што ги нарекувале столарите во османлискиот период, и се до Втората светска војна вршеле груба обработка на дрво и ги подготвувале материјалите за изградба на дрвени куќи, особено покриви. За да ја подготват граѓата, со големи секири сечеле стебла во шумата, а потоа ги влечеле до работилниците. Алатите што се користеле за обработка на дрво биле големи пили (бичкија) и широкоглави секири кои биле рачно ковани. Двајца, а понекогаш и тројца бичкаџии дополнително ги обработувале дрвените трупци со бичкија.Значење на зборот

Во минатото, бичкаџискиот занает бил многу важен за различни аспекти на животот на луѓето, многу од предметите што се користат во домаќинството, земјоделството и другите активности биле изработувани од дрво. Бичкаџијата работел со различни видови дрва и користење на различни техники за обликување и сечење на дрвата. Бичкаџиите често работеле како наемни работници и далеку од своите домови каде имало потреба да се бичкаат дрва. Со рачни пили наречени разбој – пили тие вршеле разбичување и сечење на трупците во: штици, талпи,греди и друг дрвен градежен материјал. Најчесто бичкаџиите разбичувале дрвена обловина од топола, брест даб и други листопадни дрвја. Од педесет трупци излегувале околу четири стотини штици, чорбаџиите им плаќале седум бели череци или 35 гроша — на бичкаџиите по еден черек, два на мајсторот дневно, на сопственикот му излегувало да плати неполни десет пари за штица што му ја обработувале бичкаџиите, а тој ја продавал по грош и шеесет пари.

Овој занает, како и многу други традиционални занаети се заменети со индустријализацијата, обработката на дрвените трупци се врши во пилани со машини.

Алати Рачна пила составена од дрвена рамка и челичен лист со остри запци на долниот раб Широкоглава секира

Наводи

Категорија:Дрвна индустрија Категорија:Занаети