Менка Дојчиновска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Активно и организирано учествувала во НОД од ноември 1941 година. Својата куќа ја ставила на располагање на партиската организација. Чувала илегалци. Учествувала во собирната акција за чорапи и истите ги предавала на Првата македонско-косовска и Втората македонска ударна бригада. Поради својата активност окупаторот ја прогонувал и затворил. Во полицијата била задржана една недела. Во почетокот на 1944 година со организирање на одборот на АФЖ вo селото Полчиште била избрана за претседателка, а во 1945 за член на Околискиот одбор на АФЖ и за негов претседател.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ